Неверојатни фотографии од најинтимните моменти на паровите

Неверојатни фотографии од најинтимните моменти на паровите

Минатото лето, еден пар ја контактирал 27-годишната Рокси Ерве, фотографка од Париз. Парот имал едноставно, но интересно барање – да ги фотографира во кревет. Ерве се согласила. Искуството било толку неверојатно што Ерве ги претворила фотографиите во серијал наречен „Љубовници“ кој ги прикажува разните фази на интимност помеѓу паровите.

Неверојатни фотографии од најинтимните моменти на паровите

„Проектот е најмногу за интимноста. Ги фатив оние мали, интимни, малку сексуални моменти кои никој не ги гледа, но секогаш се тука“, изјавила таа.

За да го натера парот да се опушти во напнатата ситуација, таа им дала едноставна задача – детално да го опишат моментот кога сфатиле дека си се допаѓаат.

„Голем дел од довербата помеѓу мене и љубовниците се стекнува пред фотографирањето. Минувам многу време објаснувајќи им што всушност претставува проектот. Тие треба да разберат дека нема ништо порнографско на овие фотографии.“

Во една од приказните, еден маж опишал како се вљубил во неговата девојка во воз:

„Почувствував голема привлечност додека ја гледав како му прави смешни гримаси на детето кое седеше до мене. Го правеше ова добри 15 минути. Тие ја имаа оваа тивка поврзаност во возот. Ги гледав како среќно се насмевнуваат еден на друг. Во тој момент почувствував иднина помеѓу нас. Таа можеше да се грижи за мене.“

Неверојатни фотографии од најинтимните моменти на паровите

На нивната фотографија, момчето ја прегрнува девојката додека лежат на креветот.

На другите парови кои ги фотографирала, околу 10 до сега, Ерве им давала многу малку насоки.

„Обично ги оставам да се прегрнуваат во креветот и во моментот кога ќе застанат во положба што ми се допаѓа, им велам да застанат за да ги фотографирам.“

Ерве, која престојува во Париз и во Лондон бара уште парови кои би учествувале во серијалот, па направила посебна имејл адреса на која може да ја контактираат. Се надева дека ќе фотографира парови од сите возрасти, сексуални ориентации, раси и големини.

„Се надевам дека овој проект ќе покаже дека сите сме слични во моментите на интимност, без разлика дали имаме 20 или 85 години, дали сме со еден или со повеќе љубовници.“

Неверојатни фотографии од најинтимните моменти на паровите

„Ги обожувам овие фотографии само со стапалата. Можете да кажете многу за тоа што се случува.“

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар