Некои од најмоќните медиумски фотографии за оваа година

6. „Дивите пуми во Патагонија“ – Инго Арндт

Некои од најмоќните медиумски фотографии за оваа година

Пумите, познати и како планински лавови, можат да преживеат во разни живеалишта – од пустини и шуми, па сè до снежни планини. Најчесто овие животни се кријат од луѓето. Во Патагонија се верува дека постои највисоката концентрација на пуми во светот.

7. „Кога бев болна“ – Алјона Кочеткова

Некои од најмоќните медиумски фотографии за оваа година

Алјона седи дома и не може да ја јаде нејзината омилена храна, супа од цвекло, поради нејзиниот третман за рак. Алјона го направила овој автопортрет после операцијата и хемотерапијата и иако знаела колку е важна храната, сепак не можела да јаде. Фотографирањето не само што ѝ помогнало да ја сподели нејзината приказна, туку и да ја прифати нејзината судбина правејќи го она што го сака.

8. „Никогаш не го видов да плаче“ – Мајкл Ханке

Некои од најмоќните медиумски фотографии за оваа година

Зденек Шафранек е капeтaн на чешки хокејски тим и учествувал во 3 Параолимписки игри. Тој е во количка од 2003-та година, после несреќа на работното место. Тој исто така ја претставува неговата држава во планински велосипедизам и возење велосипед со раце. Во 2017-та бил чешкиот шампион во парабокс.

9. „Авганистански бегалци чекаат да ја преминат иранската граница“ – Енајат Асади

Некои од најмоќните медиумски фотографии за оваа година

Бегалец од Авганистан го теши неговиот сопатник додека чекаат транспорт преку источната граница на Иран, на 27-ми јули. Според извештаите, Иран има над 1 милион регистрирани бегалци, мнозинството од Авганистан. Покрај тоа, се смета дека над 1,5 милиони нерегистрирани Авганистанци се присутни во државата. Многу луѓе бегаат од насилството, несигурноста и сиромаштијата во Авганистан и не можат да избегаат на друг начин, освен со нелегално преминувања, а за сето време се изложени на грабежи, киднапирање и смрт.

10. „Живеење помеѓу она што останало“ – Марио Круз

Некои од најмоќните медиумски фотографии за оваа година

Дете кое собира материјал за рециклирање лежи на душек опкружен од пловечкото ѓубре во реката Пасиг, Филипини. Во 1990-тите, реката Пасиг била прогласена за биолошки мртва поради комбинација од индустриско загадување и отпад кој завршувал во неа. Таа е помеѓу 20-те најзагадени реки во светот и секоја година исфрла околу 63.000 тони пластика во океанот.

Погледнете ги и најдобрите фотографии направени со ајфон од изминативе неколку месеци.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар