Најслаткото девојче во Јапонија и нејзините неодоливи авантури

Најслаткото девојче во Јапонија и нејзините неодоливи авантури

Тешко е да се биде возрасен знаејќи дека не можете туку така да се откажете од сиот товар кој го носите. За среќа, благодарение на овие прекрасни фотографии кои се дело на јапонскиот фотограф Котори Кавашима, ќе можете многу лесно да се вратите назад низ времето. Тој ја следи четиригодишната ќерка на својот пријател, започнувајќи од руралните јапонски села, па сѐ до Париз, додека таа го открива светот со својата невина и чиста душа.

Кавашима во 2011 година објавил цела книга со наслов „Мираи Чан“, за девојчето со розови обравчиња. Книгата доживеала моментален успех, а на фотографот му донела неколку награди од областа на фотографијата во Јапонија. Затоа, направете пауза, за момент оставете ги непрочитаните пораки од шефот и препуштете се во патувањето низ времето со ова преслатко девојче, од кое може и нешто да научите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар