Метални отпадоци претворени во птици, животни и инсекти

Метални отпадоци претворени во птици, животни и инсекти

Еден уметник од Велс изработува минијатурни птици, животни и инсекти од метални парчиња и отпадоци кои ги наоѓа наоколу. Тој живее во мирна околина која поради својот спокој привлекува див живот, па токму од таму и ја црпи својата инспирација.

Пеперутки

За својата работа тој вели:

„Откако се сеќавам за себе сакам да ги гледам животните во дивината и уште од најрани години сакам да цртам, изработувам и да креирам животни како начин за славење на убавината на природата. Често кога шетам наоѓам фрлени парчиња метал. Трпеливо ги склопувам овие делчиња како споменици на природата околу мене.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар