Мал, романтичен дом од соништата

Кога некој би ви рекол дека во приколка може да живеете удобно, па дури и по малку луксузно, сигурно би биле скептични. Но, погледнете ја оваа малечка куќа на тркала која ќе ги разбие вашите сомнежи. Тоа што е на тркала ви дава чувство на апсолутна слобода и мир, чувство на моќ – може да бидете каде сакате и кога сакате.

Мал, романтичен дом од соништата

Овој мал дом од 20,5 метри квадратни е уреден за да се искористи максимално целиот простор што го нуди. Многу полици и фиоки, дури и полици и закачалки за палта под скалите, е она што го прави целиот простор практичен и рационално искористен. Големиот француски кревет и каминот даваат романтичен шмек, додека несекојдневноста на оваа едноставна куќа ќе направи да посакате да имате една за себе.

Мал, романтичен дом од соништата

Овој малечок дом од соништата нуди комфор и уживање, слатко спакуван во приколка тој е одличен избор за романтичен викенд далеку од градските гужви, во лето или пак во зима.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар