Како да го декорирате домот во бохо стил за летната сезона?

Исто како што обожаваме да го носиме бохо стилот, така тој почна сè повеќе да се користи и во уредување на ентериерот. Тоа воопшто не изненадува со оглед на фактот дека самиот стил носи доза живост, шарм и лежерност во секој дом. Благодарение на неговите карактеристики, како природните материјали, електричните текстури, растенијата и етно мотивите, бохо стилот внесува топлина во секоја просторија. Токму затоа и дрвото, кожата и плетивото се неизоставен материјал при уредувањето домови во овој стил, а кога се однесува за деталите, ткаенините се како заштитен знак.

Во оваа комбинација се вклучуваат и сите видови растенија, од кактусите сместени во тегли до цвеќињата засадени во плетени кошници. Додајте на ова и интересен плетен лустер, и веднаш ќе ви стане јасно зошто сите девојки обожаваат да се одмораат по тешкиот работен дев во ваков простор. Исто така, бонус е фактот што голем дел од овие парчиња веќе можете да ги најдете во бабината гаража или по достапни цени низ продавниците. За дополнителна инспирација, погледнете ги следниве фотографии…

Продолжува на следната страница…

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар