Кабина за планинари во Норвешка која е склопена како 3Д сложувалка

Благодарение на трудот на заедницата, изморените планинари кои шетаат низ арктичкиот терен на северна Норвешка ќе имаат ново место за одмор. Во Хамерфест се наоѓа мала кабина која наликува на желка сместена на грубиот терен. Во овој мал простор има печка на дрва, место за седење и неверојатен поглед кон пејсажот околу колибата.

Кабина за планинари во Норвешка која е склопена како 3Д сложувалка

Кабината е дизајнирана за да се вклопи со опкружувањето. Овој ефект бил постигнат со многу истражување, вклучувајќи ја и употребата на дрон и софтвер со кој се направила 3Д мапа на местото. Надворешниот дел на колибата е направен од 77 дрвени парчиња кои се вклопуваат како сложувалка. Засега е направена една кабина, а втората ќе биде конструирана на другиот крај од градот.

Фирмата што ја направила кабината, SPINN Arkitekter, се соочила со многу предизвици. Тие требало да изградат структура која ќе ги издржи арктичките температури и ветрови. Последниот дизајн бил тестиран во симулирана бура за дизајнерите да се осигурат дека градбата ќе издржи. Втората пречка бил буџетот. Бидејќи трошоците испаднале поголеми од она што можеле да си го дозволат, дизајнерите морале да размислуваат навистина креативно. Фирмата направила кампања за донации, а волонтирале и локалните бизниси.

Кабина за планинари во Норвешка која е склопена како 3Д сложувалка

Кабината била делумно изградена во магацин, а потоа пренесена на конечната локација. Била потребна цела група волонтери кои работеле 4 дена за да се склопи основната структура. Друга група ги сечела надворешните панели според прецизни инструкции од фирмата.

Освен ставањето на темелот и додавањето на водоотпорниот слој, целата конструкција била направена од волонтери. Заедно, тие поминале 1.500 работни часа за да ја направат совршената оаза за планинарите. Големиот успех од првата конструкција значи дека наскоро ќе се почне со работа и на втората.

Кабина за планинари во Норвешка која е склопена како 3Д сложувалка

Кабина за планинари во Норвешка која е склопена како 3Д сложувалка

Кабина за планинари во Норвешка која е склопена како 3Д сложувалка

Кабина за планинари во Норвешка која е склопена како 3Д сложувалка

Кабина за планинари во Норвешка која е склопена како 3Д сложувалка

Кабина за планинари во Норвешка која е склопена како 3Д сложувалка

Кабина за планинари во Норвешка која е склопена како 3Д сложувалка

Кабина за планинари во Норвешка која е склопена како 3Д сложувалка

Сигурно ќе ви се допадне и оваа еколошка стаклена куќа што се камуфлира во опкружувањето.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар