Изгубете се во вечерната убавина на Токио

Лијам Вонг работи во индустријата за видео игри, поточно во „Ubisoft“ како графички дизајнер, каде што ги режира изгледот и чувствата, односно визуелниот идентитет на самите игри. Оригинално потекнува од Шкотска, а пред две и пол години се преселил во Канада. Оттогаш имал среќа да патува низ светот преку неговата работа, а минатата година започнал да се занимава со фотографија како начин на овековечување на моментите.

Шибуја

Прв пат го посетив Токио за време на промоцијата на играта „Far Cry 4“ и веднаш се вљубив во градот. Пред моето второ патување ја купив мојата прва DSLR камера и ги направив овие фотографии. Една вечер заврна и градот едноставно оживеа. Се изгубив во убавината на Токио навечер. Бев фасциниран од тоа како градот се осветлува и само правев фотографија по фотографија. Се чувствував како да се наоѓам во филмот на Гаспар Ноел, „Влези во празнината“ или како да живеам во сајбер светот на филмот „Блејд Ранер“, креиран од Ридли Скот.

Откако ги ставив сликите онлајн, на мојот Инстаграм профил, веднаш добив многу нови следачи и оттогаш бев во многу различни градови кои ги фотографирав навечер. Би сакал да можам да кажам дека користам некои специјални техники или дека фотографиите имаат подлабоко значење или дека чекам со часови за совршениот кадар, но вистината е дека само шетам наоколу и правам фотографии од градот. Го зачувувам она што е пред мене и го споделувам. Ако некогаш имате можност да ја посетите Јапонија, задолжително направате го тоа.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар