Интимни портрети под тушот

Интимни портрети под тушот

Наместо да ги однесе своите модели во студио и да бара од нив да направат одреден израз на лицето за да може да направи добра фотографија, Манџари Шарма ги однела под својот туш. Пријатели, познаници или странци, сите без никакво парче облека на себе се нашле во нејзината туш кабина во станот во Њујорк спремни да позираат за нејзината фотосерија Shower Series. Идејата ја добила според тоа што туширањето претставува за неа.

„Тој е како инкубатор. Кога имам многу мисли низ главата, си велам: ‘ОК, одам да се истуширам’. Потребно ми е да го опкружам мојот ум со тој заглушувачки, монотон, сеопкружувачки простор каде што сум само јас. Изолирај се од светот, затвори ја вратата зад себе и остануваш само ти, а водата во кадата го креира амбиентот. Ти дава можност да се исцедиш. Како кога баба ти ти кажува дека ако сакаш некое овошје да скапе треба да го ставиш во кесе. Им дозволува на твоите мисли да бидат сами со себе, како што овошјето треба скапе самото, затворено во одреден простор. Затоа го сакам туширањето.“

И нејзините модели се чувствувале на истиот начин. За нив ова било многу интересно искуство.

„Моите модели ми велеа дека е воодушевувачки и авантуристички да се биде под мојот туш“ – вели Шарма.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар