Илустрации кои покажуваат што прават љубовните парови кога никој не ги гледа

Илустрации кои покажуваат што прават љубовните парови кога никој не ги гледа

Љубовта се крие во малите, тивки моменти, како што се гушкањето во кревет после долг ден, заспивањето пред телевизор, па дури и стискањето на акните на партнерот. Нема ништо поубаво од релаксирачка масажа после напорна работа!

Илустрации кои покажуваат што прават љубовните парови кога никој не ги гледа

Уметницата Аманда Олеандер ги отсликува овие моменти на нејзините илустрации коишто честопати ги споделува на нејзиниот Инстаграм профил. Таа црпи инспирација од нејзината врска и врските на најблиските пријатели.

„Сите овие ситуации се случиле некогаш во мојата врска или во врските на моите пријатели. Понекогаш, тие ми раскажуваат нешто, а јас ќе им кажам ’Чекај малку!’ и брзо ќе ја нацртам случката пред да ја заборавам“, изјавила Олеандер.

Илустрации кои покажуваат што прават љубовните парови кога никој не ги гледа

Олеандер живее во Лос Анџелес и во врска е со нејзиното момче Џои Радмен повеќе од 2 години. Таа го нарекува „најслаткиот, најсмешниот и најзгодниот маж во светот“.

„Чувствувам како ми се полнат батериите секоја вечер кога спијам до мојата љубов“, напишала Олеандер на Инстаграм.

Илустрации кои покажуваат што прават љубовните парови кога никој не ги гледа

Интересните цртежи на Олеандер се инспирирани од Пикасо, Тим Бартон и цртаните филмови од 90-тите со кои пораснала. Таа исто така сака да вметнува животни во нејзините дела, но човечкото однесување повеќе ја фасцинира.

„Ме восхитува начинот на кој луѓето се однесуваат зад затворени врати. Тоа се интимни моменти што не можеме да ги видиме. Тоа се моменти што не можат да бидат документирани, бидејќи кога би ги набљудувале, луѓето би го смениле начинот на однесување. Па така, јас ги цртам“, објаснила Аманда.

Илустрации кои покажуваат што прават љубовните парови кога никој не ги гледа

Уметницата се надева дека луѓето чувствуваат нешто кога ги гледаат нејзините дела.

„Се надевам дека ги потсетуваат на некои моменти од животот или дека им ги враќаат сеќавањата. Но, најмногу од сѐ, се надевам дека ги прават среќни“, изјавила таа.

Илустрации кои покажуваат што прават љубовните парови кога никој не ги гледа

Продолжете на следната страница за да ги погледнете и останатите интересни илустрации…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар