Фотографирани фотографии од минатото

Фотографирани фотографии од минатото

На Кафе пауза секогаш има место за креативни идеи и остварувања. Се сеќавате на пример на фотографиите доцртани со молив? Блогот Dear Photograph реализира една слична идеја, само што наместо комбинација на различни техники и уметности, тој е отворен за оние кои умешно ќе ги вклопат сцените од минатото во сегашноста во една фотографија.

Фотографирани фотографии од минатото

Блогот е релативно млад и засега нема богата архива, но е креативен сервис за споделување еден поинаков тип фотографии.

Фотографирани фотографии од минатото

Умешноста во овие фотографии е да се раскаже интересна приказна од минатото (старата фотографија) на вистинското место каде што се одвивала (новата фотографија), спојувајќи ги елементите од просторот што попрецизно, притоа водејќи сметка за перспективата и оддалеченоста при фотографирањето.

Фотографирани фотографии од минатото

Во некои фотографии интересно е да се види промената која настанала со текот на времето, додека во други воодушевува идентичноста на минатото и сегашноста, каде разликата ја прават само старите фотки развиени од филм.

Фотографирани фотографии од минатотоФотографирани фотографии од минатотоФотографирани фотографии од минатотоФотографирани фотографии од минатотоФотографирани фотографии од минатотоФотографирани фотографии од минатотоФотографирани фотографии од минатото

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар