Билборди преобразени во мали домови за бездомните

Дизајнерското студио „DesignDevelop“ од Словачка е креатор на брилијантен проект со кој двостраните билборди покрај патиштата се искористуваат како мали компактни домови за бездомниците.

1-bilbordi-preobrazeni-vo-mali-domovi-za-bezdomnite-kafepauza.mk 2-bilbordi-preobrazeni-vo-mali-domovi-za-bezdomnite-kafepauza.mk

Апартманот е изграден во рамките на триаголната структура што ја формираат двостраните билборди кои овозможуваат да се гледаат реклами од двете страни на патот. На тој начин, големината на страните, а со тоа и на рекламите, не се менува, туку само се користи екстериерот на конструкцијата во рамките на која се дизајнира апартманот. Тој пак е составен од ходник, кујна, мал работен простор, кревет подигнат на скали кои имаат функција на плакар и купатило.

Проектот „Грегори“ овозможува оптимизација на конструкцијата која ги држи билбордите. Овој дом би имал сосема мали трошоци за одржување кои би можеле делумно да се покриваат со изнајмување на просторот за огласување.

„Грегори“ е отворен проект, што значи дека неговите креатори дозволуваат да го менувате и надополнувате, како и да го примените во својот град. Изводливоста е загарантирана со фактот дека до билбордите веќе е спроведена електрична струја која се користи за нивно осветлување, па преостанува да се реши поврзувањето за довод и одвод, што во Словачка е прилично едноставно.

3-bilbordi-preobrazeni-vo-mali-domovi-za-bezdomnite-kafepauza.mk 4-bilbordi-preobrazeni-vo-mali-domovi-za-bezdomnite-kafepauza.mk 5-bilbordi-preobrazeni-vo-mali-domovi-za-bezdomnite-kafepauza.mk 6-bilbordi-preobrazeni-vo-mali-domovi-za-bezdomnite-kafepauza.mk 7-bilbordi-preobrazeni-vo-mali-domovi-za-bezdomnite-kafepauza.mk 8-bilbordi-preobrazeni-vo-mali-domovi-za-bezdomnite-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар