Архитектурата на Сан Франциско и историјата зад прекрасните викторијански куќи

Дали некогаш сте биле во Сан Франциско? И да не сте биле, сигурно сте прочитале во некое списание, или пак гледајќи филм сте ги забележале прекрасните шарени куќи низ стрмните улици на овој град. Не залудно за многу луѓе, од секаква возраст, тој е еден од градовите од соништата. И додека сте се воодушевувале, макар и преку екраните, на неверојатната архитектура што ја има овој град, сигурно сте се запрашале од каде потекнува тој стил на изградба на куќи токму во Сан Франциско?
Архитектурата на Сан Франциско и историјата зад прекрасните викторијански куќи

Викторијанскиот и Едвардијанскиот се најчесто користените термини кои ги опишуваат овие два периоди во архитектурата. Градбите во овој стил почнале да се градат во доцните години на 1800-тата, па сѐ до 50-тите години на 1900-тата. Имињата настанале затоа што во првиот период Кралицата Викторија владеела со Британската империја, а оние кои биле изградени подоцна го добиле второто име кога синот на Викторија, Едвард, го презел владетелството.

Архитектурата на Сан Франциско и историјата зад прекрасните викторијански куќиАрхитектурата на Сан Франциско и историјата зад прекрасните викторијански куќи

Викторијанските домови биле изградени со сите најмодерни елементи за тоа време. Нивен заштитен знак се тесните ходници и пастелните бои кои воодушевуваат. Главната идеја била да имаат изглед на свадбена торта, па поради тоа им се давале нежни бои. Некои од нив, иако тесни, имале и импровизирани паркинг места. Куќите шармирале со својот луксуз и уникатност. Како што времето изминувало, полека но сигурно, викторијанскиот стил станувал заштитен знак и урнек за изградба на секоја нова куќа во Сан Франциско.

Архитектурата на Сан Франциско и историјата зад прекрасните викторијански куќиАрхитектурата на Сан Франциско и историјата зад прекрасните викторијански куќи

Денес, постојат над 13.000 вакви куќи во самиот град, кои се одржуваат со љубов и минимално и претпазливо реновирање од страна на нивните сопственици. Најпознати од нив се „Обоените дами“ (Painted Ladies) кои се наоѓаат во близина на паркот Аламо Сквер и се вистинска атракција за туристите. Ниедна посета на Сан Франциско не е заокружена без посетата на овие најпознати Викторијанки на сите времиња, каде што покрај нивната убавина туристите уживаат и во прекрасниот поглед на градот кој се крие зад нив. Тие се доживување за секој љубител на архитектурата и викторијанскиот стил.

Архитектурата на Сан Франциско и историјата зад прекрасните викторијански куќи Архитектурата на Сан Франциско и историјата зад прекрасните викторијански куќи

Разликуваме неколку видови на викторијански куќи, а „Обоените дами“ спаѓаат во групата Queen Anne (1880-1910) и би можеле да се наречат прабаби на викторијанската архитектура во Сан Франциско. Од овој стил најпознати кои подоцна еволуирале се Flat Front Italianate и Bay-Window Italianate, чија главна разлика е формата на прозорите односно градбите од првиот имаат рамни прозори, а оние од вториот, испакнати прозори во форма на шестаголник.

Архитектурата на Сан Франциско и историјата зад прекрасните викторијански куќиАрхитектурата на Сан Франциско и историјата зад прекрасните викторијански куќи

Сан Франциско е еден од најубавите градови во Америка и светот. Почнувајќи од прекрасниот мост Голден Гејт, па сѐ до специфичната архитектура, градот има уникатен стил и убавина која го прави една од најпосакуваните дестинации. Иако градот го красат најразлични стилови, едно е сигурно, ниеден друг стил на архитектура не е ни блиску до викторијанскиот, чија историја и убавина се длабоко вгнездени во срцето на Сан Франциско.

Автор: Сара Коваческа


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар