20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

Сопствениците на модерните хотели имаат многу потешкотии да ги изненадат своите посетители, но за среќа постојат неколку хотели низ светот кои го предизвикуваат интересот дури и на најпребирливите туристи. Некои од нив изненадуваат со својот надворешен изглед, додека други нудат луксузни ентериери и неверојатни погледи од собите, а има и такви кои ги зачудуваат гостите со уникатната атмосфера. Погледнете ги 20-те најневообичаени хотели од сите краеви на светот.

1. Маркес де Рискал – Елсиего, Шпанија

20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

Овој футуристички хотел, кој е и винарница, е изграден во Елсиего, врз основа на проектот на легендарниот Френк Гери. Зградата ја сочинуваат бројни призматични блокови, кои се чини пловат над земјата, благодарение на нивните лежишта. Комплексот се состои од самиот хотел, неколку ресторани, спа центар, но најважно од сè – нуди „винска терапија“.

2. Комплексот Шератон – Хаузау, Кина

20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

Овој хотелски комплекс е изграден во форма на прстен и е сместен на брегот на прекрасното езеро Таиху. Комплексот ги привлекува посетителите со својата грандиозност и станал еден од главните симболи на модерната кинеска архитектура.

3. Какслаутанен – Саариселка, Финска

(3)-20-neobichni-hoteli-vo-svetot-koi-sekoj-treba-da-gi-poseti-kafepauza.mk

Комплексот за одмор и рекреација Какслаутанен е лоциран во Лапoнија, домот на Дедо Мраз, и на гостите им нуди шанса да престојуваат во едно од дваесетте стаклени иглу, секое со транспарентен покрив кој ќе ви овозможи да гледате во прекрасното, ѕвездено небо без да го напуштите комфорот од вашата соба.

4. Комплексот Ла Манта – Занзибар, Танзанија

20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

Една од можностите за сместување во комплексот Ла Манта се пловечките куќи со подводни соби. Палубата на посетителите им овозможува преку ден да се сончаат, а навечер да уживаат во ѕвезденото небо, а огромните прозорци во спалната соба нудат магична панорама од подводниот живот. Ова е вистински рај за нуркачите и тие кои сакаат необични занимливости.

5. Еко-хотел Липрус – Кабардино-Балкарија, Русија

20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

Еден од хотелите на највисоката надморска височина во светот (3.900 метри), Липрус се наоѓа на јужните падини на планината Елбрус. Неговите соби личат на капсули од вселенски брод. Хотелот има соби кои можат да примат 12-18 луѓе, а има и заедничка просторија. Уште една особеност на овој хотел е тоа што целосно функционира на сончева енергија. Тој е одлично место за вљубениците во зимските одмори.

6. Конрад Малдиви – Островот Рангали, Малдиви

20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

Овој хотел е лоциран во јужниот дел од Ари Атоли и е опкружен со бујни тропски шуми, широки плажи со бела песок и кристално чисти води со корални гребени и богат подводен живот. Главната атракција во овој хотел е подводниот ресторан со стаклен покрив, кој на гостите им овозможува да ги гледаат рибите додека уживаат во својата храна.

7. Висечки градини – Убуд, Индонезија

20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

Хотелот од висечки градини се состои од одвоени традиционални вили од Бали, со приватни тераси и базени во кои можете да пливате и да уживате во прекрасните пејсажи кои ве опкружуваат. Местото е толку мирно и тивко, што никогаш нема да погодите дека се работи за хотел.

8. Хотел Катикиес – Островот Санторини, Грција

20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

Катикиес е мал и шармантен хотел, изграден на карпите од островот Санторини во Егејското море. Посетителите имаат единствена можност да се восхитуваат во прекрасните погледи од терасите од вилите и приватните базени.

9. Екокамп Патагонија – Торес дел Пеин, Чиле

20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

Овој хотел е неверојатна комбинација од луксуз и хармонија со природна средина. Секоја соба е полукружен шатор со сите луксузи на цивилизацијата, додека хотелот е изграден од еколошки материјали и користи обновливи извори на енергија.

10. Квинта Aктуал – Закатекас, Мексико

20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

Квинта Актуал бил изграден во реставрираната зграда околу арената за бикови од 19-от век во Мексико. Апартманите се сместени под дрвените и камени сводови од плоштадот Сан Педро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар