10 нови филмови кои се направени по вистински настани - Part 2

10 нови филмови кои се направени по вистински настани

6. „Стокхолм“ (Stockholm)

„Stockholm“ го следи Ларс Нистром, кој се решава за напад на централната банка во Стокхолм. Тој заробува заложници за да го извади од затвор неговиот пријател Гунар, а помеѓу заложниците е Бјанка (Нуми Рапејс), која е сопруга и мајка на две деца.

7. „Ј. Т. ЛеРој“ (JT LeRoy)

Во оваа волшебна вистинска приказна, една млада жена поминува долги години играјќи ја улогата на Еремија Терминатор Лерој, енигматична и прославена книжевна личност, создадена од нејзината снаа.

8. „Екстремно изопачен, шокантно злобен и опак“ (Extremely Wicked, Shockingly Evil and Vile)

Елизабет Клопфер со години одбивала да признае дека нејзиното момче е сериски убиец. Нејзиниот партнер, Тед Банди, стана познат во 1980-тите за извршување на неколку грозоморни убиства на жени и важи за еден од најозлогласените злосторници на сите времиња.

9. „Толкин“ (Tolkien)

„Толкин“ го следи животот на прочуениот автор, кога тој наоѓа пријателство, храброст и инспирација меѓу друга група писатели и уметници на училиште. Нивното братство ќе зајакне кога ќе пораснат и кога заедно ќе доживеат љубови и загуби, вклучувајќи го и бурното додворување на Толкин кон неговата сакана Едит Брат и избувнувањето на Првата светска војна. Сите овие искуства подоцна ќе го инспирираат Толкин да ги напише своите познати средновековни романи.

10. „Рокетмен“ (Rocketman)

„Рокетмен“ е епска музичка фантазија за животната сторија на Елтон Џон. Филмот ја следи фантастичната трансформација на срамежливото момче Реџиналд Двајт во меѓународната ѕвезда Елтон Џон. Оваа инспиративна приказна раскажува како едно момче од мал град успеало да стане еден од најкултните музичари во поново време.

Доколку ви требаат уште предлози, погледнете ги и овие филмови кои се снимени по вистинска приказна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар