Зошто вие први да се јавите?

Запознавате прекрасно/a момче/девојка, одите на состанок и сѐ завршува добро. Тој/таа ви кажа дека сака повторно да ве види, а вие гледате во телефонот и се прашувате дали да се јавите први? Постојат неколку причини зошто вие да го направите првиот чекор, но постојат уште милион изговори зошто не. Еве неколку причини зошто да се осмелите.

1-Zosto-treba-prvi-da-se-javite-kafepauza.mk

1. Самоуверените мажи/жени се згодни

Иако тешко дека би признале, но и мажите и жените ја обожуваат оваа карактеристика на спротивниот пол. Затоа треба први да се јавите. Покажете му/ѝ дека не се плашите да го земете она што е ваше. Не само што ќе покажете дека сте силна личност, туку и малку ќе им поласкате.

2. Мора некој прв

И мажите и жените ги следат правилата. Некогаш мажите не се јавуваат бидејќи сакаат да изгледаат дека не им е баш гајле. Сакаат да го задржат имиџот на фраер, но длабоко во себе сакаат да бидат први кои ќе се јават. Жените од друга страна, не сакаат да звучат досадно и очајно. Крајниот резултат е ниедна страна нема да се јави и шансата ќе пропадне. Немојте да тегнете и скршете го мразот. Вака ќе исчезне притисокот и можете да продолжите онаму каде што застанавте.

3. Ви се допаѓа

Јасно и очигледно. Но, многу луѓе ги игнорираат нивните чувства од страв да не ја избркаат личноста која им се допаѓа. Ако чувствувате пеперутки во стомакот, што имате да изгубите? Кренете ја слушалката и побарајте го/ја. Размислете, ако не се чувствува исто нема да биде важно. Наместо да чекате и да се прашувате, јавете се и дознајте.

Young urban businessman on smart phone, Barcelona

4.Тој/таа е срамежлив/а

Некогаш премногу очекуваме. Очекуваме да бидат самоуверени само поради тоа што се мажи/жени. Но, постои шанса вие да му/ѝ се допаѓате, а да биде срамежлив/а. Ќе се убедува дека е премногу рано да ви се јави, а поради несигурноста вие би можеле да престанете да се надевате. Тргнете го товарот од нивните раменици, ваквиот гест ќе биде ценет.

5. Живееме во 2014 година

Ваквото однесување во минатото било недозволиво. Жените секогаш чекале на мажите да го направат првиот чекор, но за среќа ваквите времиња не постојат повеќе. Денес, жените ги повикуваат мажите на состаноци, така што не би требало да биде проблем и први да се јават. Заборавете на изговорите и јавете се. Вие сте модерна личност која живее во модерниот свет, покажете го тоа.

6. Дали го има вашиот број?

Можеби и најстариот изговор и помалку и клише, но некогаш постојат и вакви сомнежи. Можеби не го/ја зачувала соодветно или го изгубил/а ливчето каде бил запишан вашиот број. Никогаш не се знае што се случило.

Но ако поминале неколку дена откако ветил/а дека ќе ви се јави, зошто вие да не бидете први? Вака сигурно ќе го има вашиот број.

7. Ласкаво е

Двата пола често се прашуваат за чувствата на другиот. Ако вие бидете први што ќе се јавите, ќе покажете дека ви се допаѓа, значи на некој начин давате комплимент. Кога ќе го слушне вашиот глас од другата страна на жицата, тогаш ќе биде сигурен/а дека му/ѝ се допаѓате. Ако покажете дека сте заинтересирани, неговата/нејзината самодоверба нагло ќе порасне и веројатно ако му/ѝ се допаѓате, во иднина тие ќе се јавуваат први.

Жените и мажите се програмирани да мислат дека мажите мораат први да се јаваат. Ако тој ви се налути дека први сте се јавиле, тој има неколку проблеми, а таквиот маж не ви е потребен. А, ако таа ви се јави, тоа значи дека е храбра и дека многу ѝ се допаѓате. Нема ништо очајно во тоа.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар