Зошто веганите имаат блескава кожа и коса?

Зошто веганите имаат блескава кожа и коса?

Дали некогаш сте помислиле да го промените вашиот начин на исхрана и да ги исфрлите сите производи од животинско потекло? Можеби на почетокот ви звучи како невозможна мисија, но доколку некогаш ве мамела оваа идеја, тогаш ви препорачуваме да ја испробате, а доколку ви стане премногу тешка, тогаш лесно ќе се вратите на вашите стари навики. Уште една причина зошто би требало да размислите за оваа драстична промена во својата исхрана е тоа што ќе добиете неверојатни придобивки за вашата коса и кожа. Веганската исхрана се состои од житарки, мешунки, зеленчук и овошје, додека месото, млечните производи, рибата, јајцата и медот се исклучени од исхраната. Знаеме, звучи доста радикално, но доколку се одлучите да го испробате овој начин на исхрана ќе добиете доста предности.

Glamour portrait of beautiful woman model with fresh daily make-up and romantic wavy hairstyle. Fashion shiny highlighter on skin.

Многу вегани изјавуваат дека чистата кожа без акни била првата придобивка што ја забележале после некое време откако се одлучиле на оваа исхрана. Косата им станала посјајна, а влакното многу појако и поиздржливо. Неизбежно е дека начинот на исхраната и внесувањето на многу овошје и зеленчук, особено свежото, влијае на квалитетот на целиот организам, а бидејќи кожата и косата се воочливи на прв поглед, првите промени се гледаат баш на овие делови од телото. Една девојка која пред неколку години се одлучила да стана веган тврди дека едно од моменталните ефекти било токму тоа дека нејзиниото лице станало чисто и блескаво. За неколку недели нејзиниот тен било прочистен до таа мера што престанала со секојдневната бјути рутина и користењето различни козметички препарати. Кога е косата во прашање, можеби требало малку подолго време, но во текот на неколку месеци влакното ѝ станало видно посјајно и појако.

2-dali-nekogash-ste-se-zaprashale-zoshto-vaganite-imaat-bleskava-kozha-i-kosa-www.kafepauza.mk_

Она што веганите го препорачуваат да го консумирате во што поголема количина за да забележите дека квалитетот на кожата и косата се значајно подобрени, се следниве производи:

1. Боровинки

Боровинките се на врвот од листата на производи кои содржат бројни антиоксиданси. Овие антиоксиданси, освен што ве штитат од слободните радикали кои се виновници за создавањето на низа болести, тие исто така помагаат и во борбата против стареење на косата, кожата и ноктите. Затоа додадете една шака боровинки во својот појадок и подарете им здравје на вашите коса, кожа и нокти.

2. Аронија

Аронијата е слична како боровинките, богата е со антиоксиданси, а пред боровинките е само поради количината на полифенол. Таа влијае во намалувањето на процесите на воспаление во телото и ги намалува акните и брчките, зголемувајќи ја циркулацијата. Исто како и боровинките, аронијата можете да ја додадете во вашето смуди или пак да ја јадете меѓу оброци во изворниот облик.

Large superfood selection in white porcelain dishes over distressed white wooden background.

3. Спанаќ

Спанаќот е богат со хранливи материи и антиоксиданси. Обилува со лутеин кој го одржува здравјето на очите. Исто така, спанаќот е богат со витамин Б, Ц и Е како и со калиум, железо и здрави масти. Младиот спанаќ можете да го додадете во вашиот утрински шејк или едноставно да го зготвите во вода. Спанаќот понекогаш може да го замените со останатите зелени зеленчуци како што се брокулата, кељот или блитвата.

4. Чиа

Овие семиња се богати со протеини и омега-3 масни киселини кои помагаат во борбата против процесите што создаваат воспаленија во организмот. Поради тоа што во себе може да повлечат 10 пати поголема количина вода од својот обем и даваат подолго чувство на ситост, чиа семето е одлично за диети. Овие семиња искористете ги за здрави пудинзи, колачи или едноставно додајте ги во шејковите.

5. Леќа

Леќата е богата со протеини, железо, цинк и биотин и е одличен избор за веганите. Леќата направете ја како варило и уживајте во здравиот оброк кој ги чува вашите кожа, коса и нокти.

4-dali-nekogash-ste-se-zaprashale-zoshto-vaganite-imaat-bleskava-kozha-i-kosa-www.kafepauza.mk_

6. Домат

Доматот е најдобар извор на антиоксидансот ликопен кој ги забавува симптомите на стареење. Изненадувачки е тоа што ликопенот од овој зеленчук значајно подобро се апсорбира доколку доматот е зготвен, па одличен извор е сокот од домат, незасладен кечап и други производи кои се добиваат со готвење на овој здрав зеленчук.

7. Киви

Кивите се полни со витамин Ц и антиоксиданси кои го одржуваат здравјето на вашата кожа, влијаат на превенцијата и создавањето на брчки, па така позитивно влијаат и на здравјето на коските и забите. Исто така, антиоксидансите од кивито помагаат во борбата против создавањето канцерогени заболувања и срцеви болести.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар