Зошто успешните луѓе носат иста облека секој ден?

Зошто успешните луѓе носат иста облека секој ден?

И покрај генералната опседнатост со модата, постојат луѓе кои отстапуваат од ова правило. Постои движење наречено „модна капсула“ (capsule wardrobe) што ја подразбира идејата за носење само 10-15 парчиња облека цело време. Интересно е тоа што сѐ повеќе успешни и популарни луѓе, меѓу кои и најпознатите светски политичари и претприемачи, ја практикуваат оваа идеја. Ова се 8-те фасцинантни причини зошто се случува тоа…

Зошто успешните луѓе носат иста облека секој ден?

1. Помалку одлуки

Кога еден човек мора да донесе многу одлуки одеднаш, тој се исцрпува и квалитетот на донесените одлуки опаѓа. На луѓето кои мора да донесуваат значајни одлуки секој ден, полесно им е да елиминираат една од нив, како што е одбирање облека наутро, за да направат повеќе психички простор и да си ја зголемат продуктивноста во текот на денот. Пример за тоа е поранешниот претседател Барак Обама.

„Ќе ме видите како носам само сиви или сини одела. Се обидувам да го намалам бројот на одлуки. Не би сакал да треба да одлучувам што ќе јадам или што ќе носам, бидејќи имам толку многу други одлуки што треба да ги донесам“, објаснил Обама.

Марк Закерберг го дели истото мислење. Една здодевна одлука помалку наутро води кон подобри одлуки поврзани со нешта што се навистина важни.

2. Помалку потрошено време

Луѓето не се свесни колкав товар претставуваат материјалните работи додека не почнат да се ослободуваат од нив. Тогаш тие откриваат дека животот е полн со можности. Обидете се со следниов предизвик, наречен „Проект 333“. Треба да носите само 33 парчиња облека во период од три месеци. Проектот е едноставен, корисен и навистина може да ви го промени животот. Ќе откриете дека доколку го ограничите вашиот избор на облека, ќе го добиете најголемиот подарок, а тоа е времето. Наутро ќе се подготвувате многу полесно, побрзо и поефикасно.

3. Помалку стрес

Матилда Кал, уметнички директор во Њујорк, открива дека таа носи иста модна комбинација секој ден од горенаведените причини, односно помалку одлуки и помалку потрошено време. Но, таа додава уште една многу важна причина: Помалку стрес во текот на денот поради одлука што ја донела утрото.

„Дали е премногу формално? Да не открива премногу? Дали фустанот е прекраток? Речиси секогаш ми се случува да одберам што ќе облечам и да зажалам поради тоа веднаш штом излезам на улица“, открива Матилда Кал.

Од таа причина нејзин заштитен знак е свилената бела кошула и црните панталони. На тој начин таа има еден извор на анксиозност помалку во текот на денот.

Зошто успешните луѓе носат иста облека секој ден?

4. Помалку потрошена енергија

Филмовите на Кристофер Нолан се едни од најуспешните и најпознатите филмски остварувања од почетокот на 21-ви век. Тој уште многу одамна решил дека нема да троши енергија на избор на облека. Токму затоа, тој секој ден носи темна јакна, сина кошула, црни панталони и практични чевли. Кристофер дал многу јасна дефиниција на поимот „потрошена енергија“. Не само што со големите плакари ќе треба да донесувате повеќе одлуки, туку тие си бараат и подобро одржување, поголема организација и повеќе барање. „Модната капсула“ значително ќе ви го олесни средувањето на плакарот.

5. Ќе се чувствувате средени

Дениј Барахона е млада мајка од Далас, Тексас. Минатата пролет таа го заменила нејзиниот полн, неорганизиран плакар со мал шкаф кој ги собрал сите практични парчиња облека што обожава да ги носи.

„Пред ’капсулата’ мојот плакар беше како мени од ресторан за брза храна. Имаше толку многу работи и тоа ме исцрпуваше. Повеќето опции не ми стоеја добро, не беа добро сочувани и едноставно не ми се допаѓаа. Сега, мојата ’модна капсула’ е како луксузен ресторан. Имам помалку избор, но знам дека што и да одберам нема да погрешам. Не само што изгледам поубаво, туку и се чувствувам подобро“, објаснува Дениј.

Лесно, практично и секогаш средено. Ова е ветувањето и можноста што ја нуди „модната капсула“.

6. Ќе станете препознатливи

Алис Грегори е писателка од Њујорк и таа носењето униформа го нарекува „иконско“. Според неа, тоа е евтин и лесен начин за човек да се почувствува гламурозно.

„Униформата може да биде знак на зрелост или обид за нејзина имитација. Униформата асоцира на мудрите приоритети кои се задржуваат со текот на годините, како и на неоспорливото минато на постојани промени и напредок“, изјавила Грегори.

Алис истакнува дека носењето иста модна комбинација секој ден е еден вид наметнување на вашиот статус, како што тоа го прават протагонистите.

„Тоа е причината зошто ликовите од сликовниците никогаш не ја менуваат облеката. Децата, исто како и возрасните, копнеат по континуитет. Навиката да се носи униформа не е старомодна“, објаснила Грегори.

Зошто успешните луѓе носат иста облека секој ден?

7. Помалку трошоци

Нашите шкафови се полни со облека и чевли кои сме ги купиле, а речиси никогаш не сме ги облекле. Просечното македонско семејство троши околу 30.000 денари годишно на облека. Тоа не делува како голема сума, но ако подобро размислите, поголемиот дел од купената облека воопшто не била потребна. Во 1930 година, просечните жени имале вкупни 9 модни комбинации. Денес, таа бројка изнесува 30: По една модна комбинација за секој ден од месецот. Животот во „модна капсула“ или носењето препознатлива униформа ќе ве заштити од непотребните трошоци на погрешни и неквалитетни парчиња облека. Освен тоа, нема да трошите толку време и енергија на купување.

8. Повеќе мир

Дру Баримор исто така го променила нејзиниот однос кон облеката.

„Прво и основно, имам речиси 40 години и облеката соодветна за 20-годишни девојки повеќе нема смисла за мене. По две бебиња, облеката што ја носев во моите 30-ти не ми стои добро. Се наоѓам на модна раскрсница и тоа понекогаш е болно“, признава Баримор.

За да ги победи овие чувства, Дру се ставила на „модна“ диета со тоа што го ограничила изборот на облека и разумно купувала нови парчиња. По неколку месеци, нејзините плакар изгледал разумно и среќно. Облекувањето повеќе не претставувало битка. Нејзиниот моден стил сега е посмирен и поопуштен.

Живееме во општество кое тоне во материјални работи. На луѓето им треба слобода и спас. Тие бараат нови решенија. Токму поради тоа, не е никакво изненадување што движењето на „модната капсула“ зема сѐ поголем замав и сѐ повеќе успешни луѓе го практикуваат. Обидете се и вие да живеете според ова модно правило. Немате што да изгубите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар