Зошто треба да започнете љубовна врска со маж кој е понизок од вас?

Повеќето високи девојки не можат ни да се замислат со понизок партнер. Според едно истражување, кај 92,5% од паровите мажот е повисок од жената. Просечната разлика во висината помеѓу партнерите е 14 центиметри. Притоа, и мажите и жените чувствуваат притисок да ги исполнат критериумите за висина. Имено, истражувањата покажале дека 50% од мажите сакаат партнерката да биде пониска од нив, додека, пак, 90% од жените посакуваат партнер кој ќе биде повисок од нив. Сепак, овој критериум е преценет и редно е веќе жените да ги прошират видиците и да не се ограничуваат само на високи мажи. Ова се 7-те причини зошто треба да започнете врска со понизок маж…

Зошто треба да започнете љубовна врска со маж кој е понизок од вас?

1. Момците на кои не им пречи да имаат повисока девојка, нема да им пречи ниту вашата амбиција, интелигенција и талент. Момците кои нема да се чувствуваат помалку вредно само поради некои стереотипи што владеат во општеството, нема да го сметаат вашиот успех како закана. Наместо да им биде непријатно поради вашето унапредување и знаење, тие ќе бидат горди што покрај себе имаат толку сестрана личност.

2. Не мора да ја пресметувате висината на вашите потпетици. Повеќето жени обично внимаваат да не ја надминат висината на нивните партнери кога носат високи потпетици, или, пак, постојано носат рамни чевли за да бидат пониски. Но, вие веќе и онака сте повисоки од вашиот партнер, така што нема никаква разлика дали ќе бидете 5 или 10 центиметри повисоки. Облечете какви чевли сакате!

3. Во голема мера ќе си го зголемите изборот на потенцијални партнери. Тешко е да се најде некој кој ќе ви одговара на емоционално, интелигентни, духовно и сексуално ниво. Нормално е дека треба да имате одредени критериуми кои мора да бидат исполнети, но висината не треба да биде еден од нив. Висината на околу 59% од момците на возраст од 20 до 29 години изнесува 170 центиметри. Доколку излегувате само со момци кои се високи над 180 центиметри, премногу се ограничувате.

Зошто треба да започнете љубовна врска со маж кој е понизок од вас?

4. Врската со маж понизок од вас ќе ви помогне да ја надминете сопствената несигурност околу големината. Доколку се гледате со маж понизок од вас, веројатно се грижите дали делувате доволно женствено покрај вашиот партнер. Можеби се прашувате и дали тежите повеќе од него, не затоа што сметате дека имате вишок килограми, туку бидејќи општеството го наметнало мислењето дека жените треба да бидат поситни од мажите. Но, доколку можете да се насмеете еден со друг и постои сексуална привлечност меѓу вас двајца, кому му е гајле дали ги исполнувате општествените стандарди за убав пар?

5. Истражувањата покажале дека ниските мажи повеќе помагаат со домашните обврски. Според едно истражување, ниските мажи, односно оние пониски од 170 центиметри поминуваат 8 часа и 28 минути неделно во извршување на домашни обврски. Високите мажи со висина над 190 центиметри поминувале 7 часа и 30 минути неделно во помагање со домашните обврски, а оние со просечна висина поминувале 7 часа и 38 минути неделно. Точно е тоа дека ниту еден маж не помага доволно околу домашните обврски, но кај ниските мажи барем постои помала веројатност дека ќе оставаат валкани садови во лабавото.

6. Ниските мажи заработуваат повеќе. Истото истражување открило дека 78% од ниските мажи заработуваат повеќе од нивните партнерки. Процентот кај мажите со просечна висина изнесува 69, а кај високите мажи 71. Ова значи дека ниските мажи повеќе помагаат и околу домашните обврски и околу финансиите.

7. Кај ниските мажи помали се шансите за развод. Шансите за развод се 32% помали кај браковите со ниски мажи, за разлика од браковите со просечни и високи мажи. Според тоа, се чини дека ниските мажи посериозно ги сфаќаат љубовните врски и браковите.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар