Зошто треба да се загрижите доколку имате израсток на рачниот зглоб?

Кога ќе се појават израстоци и рани на нашите дланки, рачни зглобови и прсти, обично мислиме дека се работи за повреда, убод од инсект или плик предизвикан од напорна физичка работа. Меѓутоа, ваквите симптоми може да се показатели на поголеми здравствени проблеми. Медицината ја нарекува оваа појава цистична хигрома на рачниот зглоб. Станува збор за бенигна формација којашто има облик на капсула или циста. Малкумина знаат дека ваквите израстоци не се само естетски недостаток, туку можат да претставуваат вистинска закана за вашето здравје. Во продолжение прочитајте за што се работи…

Зошто треба да се загрижите доколку имате израсток на рачниот зглоб?

Каде може да се појави?

Најчесто, израстокот се појавува на рачниот зглоб и може да биде затегнат или мек на допир. Но, во ретки случаи може да се развие и на следниве места:

  • На површината на дланката, во центарот или блиску до палецот.
  • На внатрешната површина на прстите, во пределот на фалангата или зглобот.

Причини за појава

Не е секогаш лесно да се одредат причините за појава на цистата, но постојат неколку основни фактори кои ѝ се познати на современата медицина:

  • Постојана слабост на остио-артикуларниот систем.
  • Неодамнешна повреда, шинување или неправилно заздравена скршеница на коска.
  • Дегенеративни заболувања на зглобовите и воспаление на меките ткива на рачниот зглоб.
  • Продолжени и повторливи движења на рачниот зглоб, што е чест фактор кај музичарите, шивачките и оние коишто многу работат на компјутер.

Симптоми

Навидум, израстокот се појавува без особена причина. Големината на цистата варира од човек до човек. Понекогаш може да остане непроменета неколку години, додека во други случаи, израстокот може драматично да се зголеми за само неколку дена. Појавата на цистата е придружена од следниве симптоми:

  • Потешкотии во движењето на зглобовите при истегнување на прстите и рачниот зглоб.
  • Кожата на израстокот станува црвена и почнува да се лупи.
  • Тапа болка што се јавува како последица од иритација на околните ткива.
  • Зголемена или намалена чувствителност на кожата предизвикана од фактот што цистата им создава притисок на крвните садови и нервните завршетоци.

Дијагноза

Иако не постои ризик цистата да се развие во малигнен тумор, не смеете да го одложувате лекарскиот преглед. Обично, дијагностицирањето на хигрома не претставува никаков проблем поради видливата природа на симптомите. Најдобро е да се консултирате со хирург или подијатрист за да ја одредите причината за болеста и да почнете со соодветна терапија.

Прочитајте и за овие десет страшни, но безопасни здравствени симптоми.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар