Зошто треба да престанете да го чепкате носот?

Факт е дека секој го чепка својот нос. Се смета за нешто што е сосема безопасно, но вистината е дека оваа навика многукратно го зголемува ризикот од вирусни инфекции.

Зошто треба да престанете да го чепкате носот?

Џим Арбогаст, лекар кој е експерт за хигиена, вели дека носот е едно од местата преку кои бактериите и вирусите навлегуваат во телото. На рацете може сешто да се залепи, па кога истата таа рака ќе ја ставите во носот нема нешто што не може да остане таму. Во тоа помага и слузникавата површина во внатрешноста на носот, којашто е извонредно живеалиште за бактериите. Затоа зимата е најлошиот период за чепкање на носот, иако неговото затнување многу провоцира на тоа. Еден допир на нечиста површина ја полни раката со бактерии и затоа со чепкањето на носот шансите за разболување се многу големи. Една студија на јапонски научници открила дури и дека луѓето кои многу често го чепкаат носот ризикуваат и да закачат заболувања на горниот респираторен тракт.

Ако веќе морате да го чепкате носот, лекарите препорачуваат прстите да ги покриете со марамче пред да го сторите тоа и, се разбира, често да ги миете рацете за да не внесете вируси во вашето тело и да не ги изнесете оттаму за да ги заразите другите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар