Зошто треба да го одберете токму момчето со кое може да ви биде здодевно?

Без разлика колку забавно звучат лудите летни авантури и забавите со пријателите, овие врски најчесто не успеваат на долг план. Поголемиот дел од времето ќе бидете опкружени со многу луѓе и во оние ретки моменти кога ќе бидете сами, едноставно нема да знаете како да се однесувате еден кон друг. Затоа ви треба момче со кое ќе можете да бидете насамо, а ќе се чувствувате како целиот свет да навива за вас.

Зошто треба да го одберете токму момчето со кое може да ви биде здодевно?

Потребно е да најдете некој што ќе ви го направи здодевното забавно. Некој со кој дури и посетата на маркетот ќе ви биде како авантура. Некој кој и најздодевниот ден ќе го трансформира во незаборавен и возбудлив. Дури и кога немате планови за вечерта, вие ги броите часовите додека да се видите. Дури и ако поминете цела вечер на каучот, во прегратки и јадење чипс додека гледате серии или филмови, вам ќе ви биде забавно.

Одберете го момчето што ве тера да помислите дека заедничкото време е многу подобро од излегувањето во клубови и пиењето алкохол до раните утрински часови. Момчето што ве тера да помислите дека додека сте во неговите прегратки, секој филм ви изгледа како да го гледате за прв пат, дури и оние што веќе 100 пати сте ги изгледале.

Се плашите дека пропуштате нешто важно или дека можете да најдете некој подобар? Не треба да останете со ваков човек во врска. Вам ви е потребен некој што ќе направи да чувствувате длабоко во себе дека е вистинскиот за вас. Момчето што секогаш ќе сака да излезе со вашите пријатели доколку побарате од него, но и што секогаш ќе остане со вас дома, доколку сте уморни, мрзливи или едноставно повеќе би сакале да седите во пижами наместо да се дотерувате. Тој треба да биде возбуден и за секој разговор, дури и за оние што не му се интересни, како настаните на вашето работно место или книгата со лош крај што неодамна сте ја прочитате.

Одберете го момчето со кое ќе можете да седите во тишина, но сепак да се чувствувате удобно, бидејќи вашите прсти се испреплетени со неговите, а главата ви е потпрена на неговото рамено. Токму во овие моменти чувствувате дека сте на вистинското место, во вистинското време. А ако тој секојдневно е причина за вашите насмевки, дури и кога станува збор за глупости, тогаш знаете дека сте го одбрале најдоброто!

Бидете во врска со момчето со кое ќе можете да кажете дека сте имале одличен викенд, дури и кога не сте излегле од дома. Дури и кога не сте мрднале од каучот. Одберете го момчето со кое може да ви биде здодевно, бидејќи поради него, дури и досадното ќе ви биде забавно.

Прочитајте ги и овие сосема обични и здодевни, но многу ефикасни правила за успешна љубовна врска…

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар