Зошто треба да бидете во врска со личност која и покрај тоа што ја сакате, истовремено и ѝ се восхитувате?

Што е тоа што прави една врска да трае? Тоа е лесно – Љубовта. А сега потешкото прашање, што е љубовта? Ова можеби e едно од најтешките прашања на кои секој од нас трага по одговор. Но, бидејќи љубовта е субјективно чувство, одговорот секогаш варира. Она со што сите би се согласиле е дека за да постои љубов помеѓу две индивидуи, тие најпрво треба да бидат вистинските еден за друг. Но, тоа не ни кажува многу. Секако, различни врски се распаѓаат од различни причини, но истовремено, оние кои успеваат, најчесто успеваат поради една причина. За да бидете дел од долготрајна врска, помеѓу вас мора да постои взаемна фасцинација и почит, со други зборови взаемна восхит.

Зошто треба да бидете во врска со личност која и покрај тоа што ја сакате, истовремено и ѝ се восхитувате?

Восхитот најчесто е состојката која недостасува

Кога ѝ се восхитувате на одредена личност, вие истовремено и интимно ја почитувате. Восхитот е нешто што е многу лично. Вие можете да почитувате многу личности, поради голем број причини, но восхитот е индивидуален и малку поинтимен. Особено кога е во комбинација со љубов. Всушност, голем број експерти на ова поле би ви кажале дека без взаемен восхит, вие никогаш не би можеле да ја доживеете љубовта во целост и дека со тек на време едноставно ќе си здодеете со вашиот партнер и ќе се разделите.

За жал, восхитот сам по себе не е доволен за да ја одржува љубовта. Но, тој многу помага при одржувањето на огнот меѓу вас.

Кога му се восхитувате некому, вие никогаш не ја губите потребата да продолжите да го/ја импресионирате

Оние кои љубат, сакаат да бидат љубени за возврат. Истото се случува и со восхитот – оние кои се восхитуваат, сакаат да бидат причина за восхит. Оваа ситуација не може да се сретне кај плитките врски каде што се восхитуваме од далечина, туку кога врската е интимна и ние имаме потреба да бидеме со личност на која ѝ се восхитуваме и која ни се восхитува нам, која ја гледаме онака како што таа нè гледа и кога ја љубиме на истиот начин како таа нас.

Оние кои се заљубени имаат одредено ниво восхит еден за друг, но неговиот интензитет варира од пар до пар. Повеќето врски одржуваат плиток восхит, а понекогаш дури и едностран. Но, ако успеете да му се восхитувате на вашиот партнер и притоа да трагате по восхитување од негова или нејзина страна и да го добивате тоа успешно, тогаш големи се шансите дека сте си создале врска во која љубовта може да цвета слободно.

Најважна е причината поради која ѝ се восхитувате на личноста која ја сакате

Восхитот е одличен. Тој ви дозволува да се поврзете на начини на кои претходно никогаш не би можеле. Но, самиот восхит не е толку одговорен за правењето разлика, како и причината поради која тој се појавува. Луѓето не можат да се восхитуваат без причина. Исто како и љубовта, тој не може да биде лажиран. Вие едноставно не можете да се натерате да набљудувате одредена личност и да чувствувате вчудовиденост доколку ги немате овие емоции. Не можете да се натерате да бидете горди на постигнувањата на вашиот партнер, на неговите или нејзините сили, убавина, интелект или мудрост. Вие не можете да одлучите дека оваа личност е неверојатна доколку не го чувствувате тоа во вас.

На некој начин, личноста со која сте е онаа која ве инспирира да ги чувствувате сите овие нешта. Вие не одбирате да се восхитувате, вие треба да бидете поттикнати да се чувствувате така. Сите знаеме дека се потребни двајца за танго, но во врската која е соодветна за вас, во која се чувствувате добро и како да припаѓате, поголемиот дел од нештата сами си го наоѓаат своето место.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар