Зошто се појавуваат пегите и како да ја намалите нивната видливост?

Многу познати модни куќи сакаат да го избегнат „вештачкиот ефект“ на кожата, па токму затоа и бараат модели со слатки пеги. Но, и покрај сè повеќето од жените кои ги имаат бараат најразлични начини да ги сокријат или барем да ја намалат нивната видливост. Но, што се тие и зошто излегуваат на сонце?

Зошто се појавуваат пегите и како да ја намалите нивната видливост?

Пегите кои настануваат од сонцето се овални хиперпигментирани кожни формации, кои најчесто се најизразени кај луѓето со светол тен. Појавата на пегите настанува под влијание на ултравиолетовото зрачење кое го забрзува формирањето меланин (пигмент кој ја одредува бојата на кожата) и меланоцит (клетки за производство меланин). Пегите од сонцето најчесто се појавуваат на оној дел од кожата кој е најмногу изложен на сончевите зраци, како лицето, вратот, деколтето и рамената.

Дали пегите можат да станат канцерогени? За среќа, тие не се малигни. Од друга страна пак, луѓето кои имаат посветол тен и кои се чувствителни на сончевите зраци се изложени на поголем ризик од добивање рак на кожата. Токму затоа и докторите редовно им препорачуваат да користат креми за заштита од сонце. Па, како да ја спречите појавата на пегите? Тие најчесто се појавуваат во детството и се генетски. За да ја спречите нивната појава, секогаш мачкајте се со заштитен фактор 50 пред излегување. Исто така носете и шешири и избегнувајте долго да се движите на сонце.

За жал ако еднаш ви се појават пегите, тогаш ќе ги имате до крајот на вашиот живот. Но, сепак постојат одредени третмани кои можат да ја намалат нивната видливост. На пример, постојат третмани со ретиноиди, кои се деривати од витаминот А. Потоа, некои луѓе се одлучуваат на криотерапија со течен азот. Таа исто така е позната и како „ладна траума“ која е многу успешна бидејќи меланоцитите се чувствителни на студено. Постојат и различни видови ласерски терапии кои можат селективно да уништат дел од меланоцитите, а со тоа и да се намали видливоста на пегите. Оваа процедура дава најдобри резултати, без никакви несакани последици. За крај, постојат и природни третмани кои можат да дадат неверојатно резултати. Па, пред да потрошите многу пари за медицински третмани, обидете се прво со овие неколку…

1. Лимонов сок

  • Исцедете еден лимон и нанесете го директно на областа која сакате да ја третирате. Оставете да делува 15-тина минути и потоа измијте ја кожата. Овој третман можете да го правите секојдневно.
  • Измешајте 1 лажица сок од лимон и 1 лажица мед со малку сол. Нанесете ја смесата на областа која сакате да ја третирате и оставете да делува 15 минути, а потоа измијте со топла вода. Овој третман можете да го правите 2 пати неделно.

2. Мед

  • Во 1 лажица мед додајте малку вода и мешајте сè додека не се соединат состојките. Нанесете ја смесата на вашата кожа и оставете да делува неколку минути, а потоа измијте се со малку топла вода.
  • Измешајте 1 лажица мед со 1-2 лажици јогурт. Нанесете ја смесата на вашата кожа и оставете ја да делува 30 минути, а потоа исперете со топла вода.

3. Јогурт

Нанесете малку јогурт директно на областа која сакате да ја третирате и оставете го да делува 15 минути, а потоа измијте го и нанесете хидратантна крема.

4. Краставица

  • Исечкајте половина краставица и поставете ја на областа со пегите. Оставете ја да делува 15 минути.
  • Нанесете сок од краставица директно на областа која сакате да ја третирате.

5. Банана и нане

Во блендер ставете една банана и неколку листови нане и мешајте сè додека не добиете мазна смеса. Добиената мешавина нанесете ја на областа со пегите и оставете да делува 15-тина минути, а потоа измијте ја кожата со малку топла вода.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар