Зошто се чувствуваме подобро откако ќе се исплачеме?

Колку и да не сакате да плачете, мора да признаете дека после тоа се чувствувате многу подобро. Со плачењето всушност сте „исфрлиле“ дел од работите кои ве мачат. Понекогаш едноставно не можете да се воздржите. Плачете со часови, но кога ќе завршите се чувствувате како навистина да сте се исчистиле.

zoshto-se-chuvstvuvame-podobro-otkako-kje-se-isplacheme-kafepauza.mk

Плачењето всушност е чистење. Тоа е момент за вас, тоа е вашата шанса да ги отстранете работите кои ви тежат. Ова е момент кога вие навистина се грижите за себе бидејќи ги отстранувате тагата и очајот што не ви се потребни. Па, немојте да се срамите. Дозволете му на плачењето да биде грдо, долго, гласно и драматично. Вие си го должите тоа. Плачењето само покажува дека и вие сте човек со емоции, дека и вие всушност сте живи. Сепак, ние сме единствениот вид на оваа планета кој плаче поради емоции, па тоа сигурно има некое значење, се согласувате?

Психијатарот Карол Либерман споделила неколку причина за чувството на „олеснување“ после плачење.

„Нам ни станува полесно после плачењето бидејќи тоа е катарзично. Со плачењето ги исфрламе проблематичните и тажните емоции кои се собирале во нас. На овој начин ние се сочувствуваме со себе, но бараме и сочувство од другите. Силните емоции, како тага, среќа, гнев и болка, го тераат мозокот да произведува солзи. Откриено е дека солзите природно ја намалуваат болката, па можеби и тоа има придонес во убавото чувство после плачењето.“

Доктор Либерман е во право, плачењето исто така го ослободува вашето тело од токсини. Истражување спроведено од доктор Вилијам Фреј кој е биохемичар, покажало дека плачењето, исто како и другите егзокрини процеси – издишување, уринирање и потење, го ослободува телото од токсини. Некои од хемикалиите кои се присутни кај емоционалното плачење се одговорни и за намалување на болката.

Па, кога следен пат ќе ви се плаче, немојте да се воздржувате. Ова е механизам на вашето тело кој ви дава чувство на олеснување. Покрај тоа, според доктор Либерман, ако не плачете ќе бидете како робот. Едноставно, нема да бидете човек.

Погледнете ги и 5-те причини зошто е добро да се исплачете.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар