Зошто постојано се чувствувате по малку осамени?

Зошто постојано се чувствувате по малку осамени?

Осаменоста е нешто за кое не зборуваме многу често. Луѓето по малку се срамат кога треба да признаат дека не се чувствуваат толку блиски со другите колку што би сакале да бидат. Но, лекот за осаменоста не е да поминувате повеќе време со други луѓе. Она што треба да го направите е да ја прифатите осаменоста самите.

Зошто постојано се чувствувате по малку осамени?

Чувството на осаменост е нормална појава кај секое човечко суштество. Не постојат луѓе кои се сосема исти, па така не е возможно никој од нас да се чувствува целосно сфатено и прифатено од останатите. Дури и најголемиот екстроверт чува едно мало осамено делче од себе длабоко закопано во неговата суштина.

Психолозите препорачуваат да ги преточите вашите емоции во зборови, поеми или песни во кои ќе можат да се пронајдат другите луѓе. Слушајте или читајте туѓи дела за да сфатите дека вие сте само дел од една приказна со долга традиција. Традиција на осаменост, среќа, тага и сите останати човечки чувства. А тоа е едно прекрасно сознание.

Погледнете го и видеото во кое психологот Алан де Ботон подетално ја објаснува појавата на чувството на осаменост и дава совети кои ќе ви помогнат полесно да го совладате истото…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар