Зошто оние кои почесто се смеат се попродуктивни од останатите?

Зошто оние кои почесто се смеат се попродуктивни од останатите?

„Ден минат без смеа е загубен ден.“ – Чарли Чаплин

Тргнете од себе, колку сте продуктивни во ден кога сте намуртени и депресивни? Колку имате елан за работа кога се смеете и ја согледувате позитивата на животот? Еве 7 интересни причини зошто оние кои често се смеат се попродуктивни, а веруваме дека истите ќе ве натераат почесто да му се препуштате на доброто расположение.

Зошто оние кои почесто се смеат се попродуктивни од останатите?

1. Смеењето ви го олеснува патот

Стресот на работното место е онолку страшен колку што вие ќе направите да биде. Луѓето кои се смеат и кои умеат да најдат позитива во сè, полесно минуваат општо низ животот, а истото важи и за работното место. Секој работен ден има по нешто забавно, смешно и интересно. Оние кои често се смеат на работното место шират позитива и се попродуктивни.

2. Смеењето креира попродуктивна работна средина

Луѓето кои се смеат заедно стануваат поблиски. Тимот на соработници кои заедно се смеат на шеги, стануваат поблиски, послободни, а со тоа и поуспешни на работно поле.

3. Смеењето помага да се пребродат тешките денови

Со сигурност некаква криза на работното место нема да се надмине лесно со човек кој е постојано сериозен, загрижен и кој едноставно работите ги сфаќа како големи и страшни. Од друга страна, човек кој умее да се насмее и да шири позитива дури и во лошите денови ќе ја подобри целокупната работна атмосфера влевајќи им на другите надеж и поттик за работа.

4. Смеењето ви ги полни батериите

Смеата делува како сонцето и топлината – ве одмара и ви ги полни батериите. Кога сте уморни или се чувствувате лошо, само пуштете некое смешно клипче или прочитајте неколку добри шеги. Вашето расположение инстантно ќе се промени давајќи ви елан за работа.

5. Смеата ја убива тензијата

Кога сте под голем стрес или имате трема пред јавен настап, само кажете шега. Ќе се ослободите, ќе се насмеете вие како и оние кои ве слушаат и одеднаш целата атмосфера ќе се подобри создавајќи ви простор слободно да се изразите.

6. Смеењето ја поттикнува креативноста

Добро е да се знае дека на вашето рабното место можете одвреме-навреме да стиснете пауза и добро да се насмеете пред да продолжите со работа. Така ќе го оттргнете притисокот, ќе се чувствувате послободни, а со тоа ќе ја ослободите вашата креативност за слободно да доаѓате до нови идеи и решенија.

7. Со смеењето луѓето се среќни за она што го работат

Не можете да дочекате да пристигнете на работа за да им ја раскажете на вашите колеги урнебесната ситуација во која се најдовте? Знаете дека на работа вашиот колега ќе ве пречека со шега или добра анегдота? Секојдневието може да биде полно со стрес и знаејќи дека на работното место може да се ослободите од негативните емоции и да прснете од смеа ќе ве направи посреќни за она што го работите.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар