Зошто ни е потребен шеќерот?

Зошто ни е потребен шеќерот?

Шеќерот има голема улога во организмот, но често слушаме дека е штетен по здравјето. Дали е тоа навистина така, или пак тоа се должи на нашето претерано внесување шеќер во организмот?

Зошто ни е потребен шеќерот?

Проф. д-р Будимка Новаковиќ, нутриционист на медицинскиот факултет во Нови Сад, ги дава одговорите на сите прашања кои нè мачат околу консумацијата на шеќерот, како и неговите соодветни замени.

Кога се зборува за шеќер се мисли на белиот шеќер, на сахарозата. Сите останати форми на шеќерот треба да ги нарекуваме по нивното име. Постојат луѓе на кои шеќерот им е неопходен, бидејќи тој е најбрзиот извор на енергија за организмот. Многу побрз дури и од мастите и протеините. За да можеме да функционираме, мора да имаме некаков шеќер во организмот. Но, дали ни е неопходен?

Тој може да се создаде и од други извори на јаглехидрати. Ако јадеме други јаглехидрати потребни за правилно функционирање на организмот, тогаш шеќерот не е неопходен. Дали е лош по здравјето ако го внесуваме во мали количини? Не, не е, но ако претеруваме со секојдневната консумација на кој било производ, не само на шеќерот, тогаш тоа е штетно по здравјето. Постојат официјални светски препораки за задоволување на нашите дневни енергетски потреби кои велат дека вкупните шеќери, се мисли на простите шеќери, кои ги внесуваме во организмот, не треба да бидат повеќе од 10% од дневните енергетски потреби, а додатните шеќери, не повеќе од 5%.

„Ако некој човек е добро хранет, здрав и има умерена физичка активност, треба дневно да внесува 2.000 килокалории, каде 5% од таа бројка е еднаква на 100 калории, додека во 100 грама шеќер има 380 калории. Значи, 1 до 2 лажички шеќер“, вели д-р Новаковиќ.

Постојат нискокалорични и некалорични вештачки засладувачи, кои имаат или многу малку калории или воопшто ги немаат. Оние кои ги немаат не се разградуваат во нашиот цревен тракт, па затоа се полесни за варење и исфрлање. Но, дали тие се штетни за нашиот организам? Не. Луѓето велат дека сѐ што е означено со „Е“ не е добро за нив. Реалноста е дека тоа не е вистина.

„Знакот ‘Е’ ми дава голема сигурност. Јас ви препорачувам да ги користите вака означените производи, бидејќи овој знак го означува адитивот и засладувачот кој е целосно проверен од Европската агенција за безбедност на храната“, дополнува таа.

Ако сме здрави, ние можеме да јадеме што сакаме, но не колку што сакаме. Мал е бројот на луѓето кои го имаат тоа задоволство да јадат што сакаат, а притоа да немаат никакви здравствени проблеми. Но сепак, имајте на ум дека колку што е вашата физичка активност поголема, толку ќе бидете послободни во изборот на храната.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар