Зошто некои луѓе постојано се неодлучни?

Животот е полн со избори – некои тешки, некои полесни. Но секој ден е составен од серија избори кои треба да ги направиме како дел од тоа што сме возрасни личности. Секој избор има и последица, а одговорноста за некој исход понекогаш е премногу. Па, зошто некои луѓе донесуваат одлуки полесно, додека некои изгледаат како цел живот да се неодлучни?

zoshto-nekoi-lugje-postojano-se-neodluchni-kafepauza.mk

Знаци за неодлучност

Неодлучните луѓе имаат карактеристики кои се препознатливи. Овие луѓе најчесто изгледаат нервозно и загрижено. Ако не сте опремени со потребните алатки за донесување одлуки, како што е препознавање на факторите, сумирање на позитивните и негативните работи и слично, ова може да резултира со серија анксиозни мисли. Можеби си поставувате некое од следните прашања:

  • Дали премногу се грижам кога сум соочен/а со одлука?
  • Дали се препотувам за малите работи?
  • Дали сум нервозен/на кога треба да одлучам нешто?
  • Дали помислата или одговорноста ме прават анксиозен/на?

Одговарањето на овие прашања може да ви покаже каде се наоѓате во овој спектар на неодлучност. Штом ќе разберете како се чувствувате, можете да почнете со справување со вашиот страв.

Неодлучноста е поврзана со ниската самодоверба

Експертите велат дека една од главните причини за неодлучност е ниската самодоверба. Тие исто така тврдат и дека неодлучноста е еден вид анксиозност која се влошува со текот на времето. А ова влијае на способноста за донесување одлуки. Самодовербата е нешто со кое секој од нас се справува. Можеби сте имале непријатно искуство додека сте биле млади, па ова резултирало со срам. Срамот може да биде многу моќен ако му дозволите и може да управува со вашите избори. Ако останете неодлучни, вашата самодоверба само ќе се намалува, па дури постои и опасност од појава на депресија или анксиозно нарушување.

Справување со неодлучноста

Делувањето е клучно – секоја одлука е добра одлука. Кога ќе почнете да преземате ризици ќе почнете и да си верувате. Запомнете, одлуките не треба секогаш да бидат правилни. Секој од нас греши, но изборот кој го имаме е она што е добро. Овие совети може да ви помогнат:

  • Зборувајте си позитивно. Вдишете длабоко, бидете добри кон себе, разгледајте ги сите можности и донесете ја одлуката.
  • Научете малку повеќе за одлучноста.
  • Разгледајте ги факторите, пристапете им на изборите логично.
  • Заменете ги негативните мисли со позитивни. Запомнете дека негативното мислење не е од помош.
  • Бидете различни. Ранливоста не е слабост. Срамот не може да биде ваш владетел. Преземете ја контролата и вие поставете ги правилата во вашиот живот!

Погледнете и како неодлучноста го прави вашиот живот потежок.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар