Зошто не треба да целите кон тоа да бидете оптимисти?

Зошто не треба да целите кон тоа да бидете оптимисти?

Нема оспорување дека понекогаш е важно да бидеме позитивни. Но она што многумина нема да ви го кажат, е важноста на негативните емоции. И покрај она што е добро да бидеме оптимисти, постојат моменти кога оптимизмот може да има спротивен ефект.

zoshto-ne-treba-da-celite-kon-toa-da-bidete-optimisti-kafepauza.mk

Најголем придонес за психолошки проблеми има избегнувањето на емоциите

Желбата да се држиме настрана од работи што нè повредуваат е човечки инстинкт. Но потиснувањето на емоциите, како на пример тагата, може да води до долгорочни проблеми, како што се депресијата или анксиозноста. На пример, ако починал некој близок, не треба да си поставите временска граница за тоа колку долго може да жалите. Многу истражувања покажале дека една од најголемите причини за психолошки проблеми е избегнувањето на емоциите.

Едно вакво истражување било спроведено на Универзитетот во Флорида каде што стресот бил мерен според чукањето на срцето. Испитаниците биле луѓе кои имале проблем со зависност од алкохол. Луѓето кои отворено зборувале за проблемот покажале пониско ниво на стрес, за разлика од оние кои ги чувале мислите за себе. Па, колку оптимизам ни е потребен?

Премногу или премалку оптимизам е лошо

Постојат добри страни на оптимизмот бидејќи со негова помош ги согледувате можностите и добивате надеж во некои предизвикувачки моменти. Истовремено, постојаниот песимистички поглед кон животот може да ве спречи да го најдете решението на многу проблеми. Постои и нереален оптимизам каде што вие сте во заблуда во врска со некои негативни ситуации. На пример, луѓето кои имаат проблем со коцкање упорно продолжуваат со таа навика со надеж дека некогаш ќе добијат нешто (и покрај губење огромни суми пари).

Препознавањето на негативните емоции е потребно

Постојат периоди кога негативните емоции се важни. Ако, на пример, се најдете соочени со лав, вашиот страв е она што ќе го предизвика инстинктот за преживување да се активира.

Запомнете дека можете да се прилагодите

Не можете секогаш да контролирате сè. Понекогаш треба да го прифатите ова и да продолжите натаму, дури и ако таа опција не ви се допаѓа. Можеби имате билети за во театар, но се случил проблем со јавниот превоз. Ова значи дека ќе треба да фатите такси, и сосема е во ред да се чувствувате лошо бидејќи ќе треба да потрошите повеќе пари. Друг пример е пливањето. Кога луѓето кои пливаат ќе наидат на подводна струја, тие почнуваат да паничат и се обидуваат да се борат со струјата, а ова може да води само до замор, и во најлош случај давење. Ако го прават токму спротивното и почнат да се движат со струјата, евентуално ќе можат да испливаат до брегот кога струјата ќе стане послаба. Борбата против емоциите кои сакаат да испливаат на површината е иста со ова.

Во ред е да не се чувствувате среќни и позитивни цело време. Ако се чувствувате тажно или имате потреба од плачење, плачете. Понекогаш солзите се прегратка од вашето тело.

Погледнете ги и овие причини зошто е добро да бидете песимист.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар