Зошто не смеете да престанете да верувате во вашите соништа?

Дали некогаш сте се почувствувале како да не го живеете животот за кој сте сонувале? Дали ви се случило да кренете раце од вашите надежи и соништа за иднината? Не дозволувајте си да го минете животот негирајќи ги и запоставувајќи ги вашите соништа и цели кои ви изгледале како наивни производи на надежниот млад ум, па да се свестите по долго време што сте пропуштиле. Не дозволувајте си да ги заборавите вашите соништа и да престанете да тргате по нив. Без разлика колку време поминало не е доцна и немате оправдување да престанете да верувате во себеси. Еве зошто никогаш не смеете да престанете да верувате во вашите соништа.

Зошто не смеете да престанете да верувате во вашите соништа?

Животот е краток

Оваа изрека е истовремено песимистична и оптимистична. Вие може да ја сфатите како сакате, но вистината е дека животот е краток. Животот е краток за да останете дома пред телевизор и да чекате да ви се случи нешто иако не дејствувате и не вложувате. По 10 години ќе бидете постари за 10 години и ќе се прашувате каде летна времето и што вие направивте со него.

Вашите соништа ве прават она што сте

Вие сте вашите соништа, вашите мечти, вашите цели. Кога некој ќе ве праша што работите или што правите во слободно време, вие му кажувате што сте и како работите да станете подобри во вашата работа, ќе му кажете кои се вашите планови за иднината, кон што целите, кои се вашите соништа, и тоа кажува многу за вас. Човек кој нема соништа е како човек без облик. Што сака да стане ако не се стреми кон нешто? Секогаш имајте соништа и „резервни“ соништа – тие ве прават она што сте и она кон што се стремите.

Ако вие не го сторите тоа, тогаш некој друг ќе го стори

Замислете дека вашиот сон кога сте биле помлади бил да волонтирате за некоја светска организација со хуманитарни цели. Сега замислете дека запознавате личност која ви кажува дека го прави тоа веќе 5 години, дека го запознала својот партнер работејќи го тоа и е пресреќна што го живее својот сон. Ќе почувствувате дека таа всушност го украла вашиот сон. Ќе бидете гневни, но ќе сфатите дека вистината е едноставна: таа имала храброст да излезе и да го направи тоа, а не само да остане на безбедно и да продолжи да сонува.

Зошто не смеете да престанете да верувате во вашите соништа?

Вие сте единствената личност која ви стои на патот

Мислите дека немате услови? Мислите дека премногу пречки ви стојат на патот? Дека оние кои успеваат во она за што вие сонувате имаат натприродни моќи? Што ве спречува да се стремите кон вашиот сон? Постојат начини, и иако се тешки и бараат многу жртвување, постојат луѓе кои го прават тоа со цел да успеат. Зошто вие не го правите тоа? Се плашите од неуспех? Но зошто, кога единствено вие си стоите на патот. Турнете ги сите замислени бариери и вложете сè од себе. Најдете начин наместо да барате оправдувања. Секогаш постои начин но не секој сака да го види.

Соништата и целите нè придвижуваат кон напред

Ако немате соништа и цели, кон што се движите? Која е вашата причина да станете наутро? Чии животи ќе разубавите, каква промена ќе донесете? Во природата на секој човек е да сака повеќе, да придонесе, да се унапреди и еволуира. Токму тоа е задачата на нашите соништа, затоа не смеете да ги запоставите.

Зошто не смеете да престанете да верувате во вашите соништа?

Никогаш не сте престари

Никогаш не е доцна, никогаш не сте премногу стари за да тргнете по својот сон. Постојат луѓе кои го патуваат светот во своите 50-ти или 60-ти, кои ја издаваат својата прва книга после 40-тата година од животот и стануваат екстремно добри во она што го прават. Има луѓе кои иако не се млади во години се млади во душата. Кои играат, танцуваат, спортуваат и патуваат небаре имаат 20-и-нешто иако тоа било многу одамна. Но, од друга страна постојат луѓе кои се ограничуваат. Кои се однесуваат како да се постари од она што се. Кои ја наведуваат својата возраст како причина и изговор зошто да не направат нешто.

Соништата ве прават позитивни личности

Да сонуваш значи да се надеваш, а надежта е карактеристика на позитивните личности. Со секој ваш чекор кон моменталната цел, се чувствувате подобро за самите себе. Верувате во себе повеќе, се чувствувате продуктивни и исполнети. Тоа е она што ве прави позитивни и среќни – вашата храброст и смелост да продолжите и да се борите дури и тогаш кога не секој ве поддржува (а реалноста е дека секогаш ќе има некој кој ќе ви вели дека не можете). Вашата самодоверба со секој голем или мал чекор ќе се покачува, исто како и вашата желба и подготвеност за повеќе.

Зошто не смеете да престанете да верувате во вашите соништа?

Кога ќе престанеш да сонуваш, престануваш да живееш

Велат дека е добро да сонуваш сè додека знаеш кога да се разбудиш и да преземеш акција за да го оствариш својот сон. Но, што се случува ако сосема заборавиш на својот сон и изгубиш надеж воопшто во своите соништа, аспирации и цели? Тогаш мал дел од тебе умира, заминува заедно со твоите соништа и никогаш не си комплетен. Без разлика колку години имате, каква е вашата ситуација и што ви се случува, никогаш, никогаш не престанувајте да сонувате. Чуда се случуваат, но само кај оние кои знаат да сонуваат.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар