Зошто не е продуктивно да работите над 40 часа неделно?

Во денешно време има непишано правило дека доколку некој сака да изгради успешна кариера, мора да работи повеќе од 40 часа неделно. Секој почеток е тежок и сите веруваат дека со останувањето до доцните вечерни часови на работното место, покажуваат решителност и серизност во градењето на својата кариера. Но, според најновите студии со постојаното надминување на вашето работно време, вие станувате непродуктивни (и многу, многу уморни).

Зошто не е продуктивно да работите над 40 часа неделно?
Сара Робинсон, која социолог е уредник на онлајн медиумот „Alter Net“ на оваа тема вели:

„Ова се лоши вести за оние кои се навикнати да работат барем 55 часа неделно. Но, најважното нешто што треба да го знаете за одлуката да се работи 40 часа неделно, е дека и покрај тоа што повеќето лидери на почетокот биле строго против, по некое време со анализирање на своите податоци сфатиле дека станува збор за позитивно ограничување.“

Студиите во последниве неколку години постојано ги добивале истите резултати – оние кои работат имаат 8 добри и веродостојни работни часови во нив. Со други зборови, ако останете 10 часа на работа, нема да постигнете ништо повеќе од она што сте го постигнале во претходните 8 часа.

Робинсон признава дека не секогаш прекувремената работа е лоша идеја. Но, доколку тоа се случува многу ретко и кога е навистина потребно. Во некои ситуации, на пример ако ви се појавил некој проблем кој не можете да го решите тој ден, понекогаш е подобро да отидете дома, да отспиете и наредното утро кога ќе се разбудите веќе ќе го имате решението во вашата глава.

Според авторката Лаура Вандеркам, постои голема корелација помеѓу тоа колку сме зафатени и колку важно се чувствуваме.

„Живееме во општество кое постојано се натпреварува и поради тоа се осудуваме на долго работно време и на лишување од сонот – без разлика како се чувствуваме и дали можеме да го издржиме сето тоа.“

Зошто не е продуктивно да работите над 40 часа неделно?Прекувремената работа, меѓу другото, во последно време се практикува и со цел да си докажеме себеси дека можеме да постигнете сè, за краток временски период. Можеби првите неколку недели ќе успевате во своите намери, но набрзо после тоа ќе почнете да се чувствувате многу уморно, нервозно и раздразливо. Во таков случај вашата продуктивност значително ќе опадне и долгите временски часови нема да можат да го надокнадат веќе изгубеното време.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар