Зошто на анксиозните луѓе им е толку тешко да стекнат доверба во некого?

Анксиозноста ве уверува дека вашата безбедност е постојано загрозена, без разлика дали станува за физичка, емоционална или психичка. Не е важно. Постојано сте загрижени. Станува збор за глас кој никако не можете да го замолчите.

Зошто на анксиозните луѓе им е толку тешко да стекнат доверба во некого?

Анксиозните луѓе постојано бараат нешто што ќе ги уништи, што ќе им го погази секое парче среќа и стабилност кое успеале да го постигнат. Токму поради тоа, ним им е тешко да се отворат. Мислат дека ако се опуштат, сѐ ќе отиде по ѓаволите. Опуштањето не доаѓа предвид. Мора да останат будни и внимателни. Мора да бидат подготвени за неизбежното.

Анксиозноста ви вели дека нема да ви биде добро, дури и ако моментално се чувствувате сосема во ред. Станува збор за нешто нерационално. Токму затоа, тешко е да им се објаснува ова чувство на луѓето кои не се соочуваат со него. Никогаш не сте смирени, дури и тогаш кога сте опкружени со прекрасни и лојални луѓе. Ниту удобноста на вашиот сопствен дом со четири ѕида не може да ве заштити.

Анксиозноста нема никаква врска со другите луѓе. Таа има врска со вашиот мозок. Мозокот го премотува секое најлошо можно сценарио до бесконечност. Вашиот мозок бара проблеми дури и тогаш кога ги нема.

Довербата подразбира верување во нешто што не можете да го видите и затоа на анксиозните луѓе им е толку тешко да поверуваат некому. Верувањето некому е несигурна работа, а несигурноста е нешто ужасно за анксиозниот ум.

Со цел да се заштитите почнувате да ги одбивате поканите за излегување. Не затоа што не сакате да одите. Не затоа што не ви се допаѓа личноста која ве поканила, туку затоа што имате проблем со довербата. Ви треба детална листа на работите што ќе се случат, доколку кажете „Да“. А никој не може да ви вети нешто такво. Никој нема кристална топка што може да го предвиди секој можен настан.

Но, ова не значи дека никогаш нема да почнете да верувате. Тоа не значи дека довербата е некое митско чувство што никогаш нема да го развиете. Меѓутоа, треба да работите на тоа. Треба постојано да се обидувате и покрај сите неуспеси и пречки на патот. Треба да бидете трпеливи и храбри. Треба да преземате ризици.

Не се обесхрабрувајте доколку го направите сето ова и вашата доверба повторно е разнишана. Луѓето кои ве сакаат ќе ви го дадат потребното време. Ќе ви дозволат да им се доверите кога вие ќе бидете подготвени за тоа.

Доколку ве заинтересира оваа тема, погледнете го животот на луѓето кои патат од анксиозност преку 9 секојдневни ситуации.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар