Зошто мажите стапуваат во брак кога не се вљубени?

Љубовта е во воздухот, но не секој ја вдишува. Помисливте дека околу нас цути искрена љубов? Размислете подобро. Ново истражување нè освестува покажувајќи дека дури 25% од мажите би се согласиле на брак доколку не се вљубени, дури и ако не чувствуваат сексуална привлечност кон партнерката.

Зошто мажите стапуваат во брак кога не се вљубени?

„Љубовта“ доаѓа преку стомакот

Ви звучи чудно или стереотипно? Но тоа е суровата вистина. Жените им готват на мажите, а мажите сакаат да бидат нахранети.

Им треба домаќинка

Една од многуте работи кои се бараат од жената е да биде домаќинка. Кога се во брак, мажите не се грижат за перење или пеглање, па ова им е олеснителна околност.

Сигурност

Без разлика дали станува збор за искрена љубов или не, сеедно, во бракот има нешто што ви влева многу сигурност, како на пример самиот факт што кога ќе заврши напорниот ден, некој ќе ве чека дома.

Сите други го прават тоа

Друштвото може многу да влијае врз мажите. Никој не сака да остане сам во бар до доцна навечер, додека неговите другари се дома со своите сопруги и деца. Плус општеството го налага тоа. Наместо на сите да им ја објаснувате вашата филозофија за животот, скратете им ги маките на тетките и бабите кои се прашуваат што не е во ред со вас. Во одреден момент од животот едноставно треба да се стабилизираат и да созреат… онолку колку што е возможно.

Зошто мажите стапуваат во брак кога не се вљубени?

Страв

На крајот на краиштата, никој не сака да старее сам. Од староста не се плашат само жените, напротив мажите можеби се плашат повеќе.

Одат на сигурно

Времето изминува, а тоа дека биолошкиот часовник си отчукува не важи само за жените. Кога веќе мисли дека му е дојдено времето за женење, зошто да пробува нешто ново кога веќе има нешто проверено? Па така, ќе ја побара за жена бидејќи долго време биле заедно, или бидејќи му е сигурна опција.

Поради секс

Како и да е, сепак ќе добиваат секс, и што е најважно без да треба многу да се трудат околу тоа. Можеби нема да биде исто како кога имале 18 години, но ќе го добиваат речиси секогаш кога ќе посакаат, па зошто да не?

Заради поставениот ултиматум

Заедно се веќе некое време, таа сака брак, него не му се брза. Но ако таа му постави ултиматум, наместо да бара некој кој ја сака и е подготвен за брак, ќе го притисне. Тој секако кога-тогаш ќе треба да се жени.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Sabina Reply

    Tocno do zbor.
    Mnogu dobar tekst.

  2. aleksandar Reply

    Me interesira vaseto ime i prezime mlada damo(mislam na aftorot)na tekstot normalno

Остави коментар