Зошто мажите што одбираат писателки за сопруги се секогаш среќни, весели и насмеани?

Писателите се уникатни суштества. Тие имаат неверојатна дарба за изразување, особено писмено, па никогаш нема да им снема зборови при изразувањето љубов. Тие се разумни, секогаш подготвени за разговор и толку отворени што во секое дело ќе ги чувствувате нивните емоции. Зарем не звучат како одличен избор за брачен партнер? Па, зошто мажите што ќе стапат во брак токму со писателки се најсреќни?

Зошто мажите што одбираат писателки за сопруги се секогаш среќни, весели и насмеани?

1. Тие се во брак со најчувствителните, најемоционалните и најстрасните луѓе на планетата

Писателите имаат длабоки чувства што лесно ги изразуваат. Иако писмениот начин на изјавување љубов најлесно им оди, тие ќе најдат начин и усно, како и со дела, да ве уверат дека сте единствени за нив. Мажите што се во врска со писателки добиваат личност што ќе се грижи за нив и во добро и во зло. Едноставно ништо нема да помине некажано или ненапишано. Не постои емоција што не е објаснета или споделена, најчесто на поетичен начин. Тоа исто така покажува и дека нема да има недостаток на страст во бракот.

2. Ретко ќе имаат проблеми во комуникацијата

Мажите што се заљубуваат во писателки не мора да се грижат за тоа што нивната поубава половина го размислува. Кај овие жени нема страв, сомнеж, збунетост… само јасност, бидејќи тие лесно ги објаснуваат и ги изразуваат своите емоции. Со истата таа леснотија и ги разбираат желбите на своите сопрузи. Комуникацијата е една од најважните аспекти на врската и со писателите тоа воопшто нема да биде проблем.

3. Нивната ранлива страна ќе биде ценета

Писателите ценат чувствителност и ранливост, па мажите што ќе се вљубат во нив не само што ќе бидат ценети за својата способност да си ја прифатат емоционалната страна, туку ќе бидат ценети и за начинот на кој го отвораат своето срце и им дозволуваат да влезат во него. Ранливоста е клучна компонента во „кутијата со алатки“ на писателите, па затоа и оние мажи што ја содржат ќе бидат исклучително вреднувани во нивните очи.

4. Нивните маани ќе бидат прифатени (а често и инспирација за пишување)

Писателите немаат проблем при создавање карактери и приказни околу луѓето за кои се грижат. Токму затоа и мажот што ќе се биде крај писателка, честопати ќе наоѓа делови од себе во работата на сопругата. Најчесто мааните што ги содржи ќе бидат романтизирани, на тој начин покажувајќи им колку многу ја сакаат нивната несовршеност.

5. Животот ќе им биде исполнет со креативност, страст и апстрактно размислување

Мажите што се заљубуваат во писателки паѓаат во креативен свет што нема допирни точки со реалноста. Ова размислување „надвор од кутијата“ ќе им помогне да наоѓаат нови и уникатни решенија за секојдневните проблеми, без разлика дали станува збор за оние во приватниот, или оние во професионалниот живот. Како резултат, тие ќе почнат и светот да го гледаат на поинаков начин, отворајќи си можности што никогаш претходно не ги забележале.

6. Нема да постои недостаток на емоции и внимание

Мажите ќе бидат облевани со зборови, дела, мисли и емоции. Едноставно не постојат рестрикции на страст, кога станува збор за врската со писател. Овие мажи ќе се чувствуваат среќно и моќно покрај вечната љубов на своите партнерки.

7. Нивната врска ќе биде повеќе од просечната поврзаност

Мажите што се заљубуваат во писателки ќе создадат брак што е многу поинаков од „модерните“ бракови. Тука трпението ќе биде на вистинско ниво, комуникацијата никогаш нема да престанува, и двете страни постојано ќе имаат инспирација да се освојуваат еден со друг. Тие имаат нешто вистинито, нешто што има значење и што е подлабоко од типичната заедница. Па, ако завршите со писателка, нема сомнеж дека ќе бидете најсреќните луѓе на планетата и дека ќе доживеете љубов каква што не сте верувале дека е можно!

Што има посебно и во бракот со наставниците, како и во бракот со медицинските сестри?

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар