Зошто луѓето што стапуваат во брак со наставници се најсреќни?

Потребен е посебен карактер за да се биде наставник. Тоа значи да се направи кариера заснована на страст да се создаде разлика во младите животи. Оваа кариера заслужува многу повеќе почит одошто добива, бидејќи не е само уште една обична работа – тоа е животен стил!

Зошто луѓето што стапуваат во брак со наставници се најсреќни?

Навистина е голем стрес да се работи со 30-тина млади возрасни одеднаш, за кои и треба да бидете одговорни. Потребно е да го вложите целото срце за да успеете да ја постигнете целта на работата, односно да допрете до младите умови. Наставниците се несебични. Децата им се прв приоритет и им се полни душата кога ќе ги научат како да изградат среќен живот. Тие се нечиј ментор, модел на однесување, личност на која можете да се доверите – не се само луѓе што предаваат лекции.

Наставниците ги менуваат животите на децата преку добрина и лични примери, најчесто дури и без да знаат. Тие минуваат многу повеќе време во училниците одошто дома, а дури и кога се дома размислуваат како да си ги организираат часовите за на учениците да им биде многу подобро.

Имајќи го сè ова на ум, кога станува збор за врските, односно за бракот, ако одберете наставник или наставничка, вие всушност станувате дел од нивниот посебен животен стил. Станувате дел од училишната заедница која одбирате да ви биде фамилија. Тоа значи дека ќе слушате како вашиот партнер е под стрес поради ученик, предавање или лоша родителска. Можеби дури и ќе бришете солзи од неговото/нејзиното лице по напорните денови кога ќе им изгледа како да не прават никаква разлика. И големи се шансите дека нема да имате многу слободни викенди, што би ги поминале заеднички без прекини од неговата/нејзината работа.

Но сè ова ќе се исплати бидејќи вие стапувате во брак со несебична личност што знае како да се грижи за другите. Некој што ги става сите пред себе. Некој што никогаш нема да престане да верува во вас и да ве мотивира да бидете подобри. Наставниците се и луѓе од кои можете многу да научите, и тие никогаш не би се откажале од вас. Тие ќе ви даваат шанси сè додека не покажете дека биле во право затоа што не си заминале. Вие стапувате во брак со некој кој верува во вас повеќе и одошто самите верувате.

Зарем не изгледа неверојатно? Ако сте во врска или во брак со наставник, тогаш знаете точно што сакаме да кажеме. Споделете го овој текст со нив и покажете им дека ги цените повеќе одошто тие мислат.

Прочитајте и зошто мажите што стапуваат во брак со медицински сестри се најсреќни!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар