Зошто ја сакаме есента?

Секое годишно време си има свои добри и лоши страни, работи кои повеќе или помалку ни одговараат. Можеби во ова по малку ладничко и тмурно време ви се јавува огромна желба да се излежувате на песочна плажа, но да не забораваме дека сепак, есента е еден прекрасен период од годината. Еве во што сè можеме да уживаме во есен:

Зошто ја сакаме есента?

Чекорењето по паднатите лисја – Додека сте топло облечени, шетајќи по парковите и улиците, можете да газите по паднатите лисја. Звукот кој произлегува од секој ваш чекор уште повеќе ви наговестува дека е есен. Може да се сликате додека со друштвото лудувате фрлајќи есенски лисја. Нели тоа се најубавите спомени и незаборавни моменти „фатени“ на слика?

Есенските модни додатоци – Признајте, есента ги носи најубавите модни додатоци. Секакви капчиња, марами и накит. И сите тие имаат едно нешто заедничко – есенски шмек. Есента е вистинско време за купување накит и за правење најразлични модни комбинации, не дозволувајте ништо да ве ограничува.

Есенските јадења и топли напивки – Топло чајче или кафе додека надвор врне, а вие се опуштате до добра книга… Зимници, вкусни јадења и пити подготвени со сезонско овошје. Мирисот на ајвар или слатко. Есента е вистинското годишно време за гурманите. Плус, не мора толку да сте опседнати со килограмите знаејќи дека доаѓа зима. Мераци!

Зошто ја сакаме есента?

Време за „средување“ на мислите – За разлика од лето, вечерните лудувања се поретки, а и не можете по цели денови да шетате особено кога температурите се ниски. Но тоа не е недостатокот на есента, напротив тоа е нејзината предност. Имате време да си ги средите мислите, плановите и очекувањата. Да им обрнете внимание на вашите најдлабоки чувства, да се пронајдете себеси, да уживате во дождовните капки. И да не сте по природа уметнички души, есента ќе ве натера да станете.

Зошто ја сакаме есента?

Есенското зајдисонце – Изгрејсонцето а и зајдисонцето во есен се најубави, магични глетки. Погледот кон зајдисонцето додека истовремено сте опкружени со лисја, е црвено–жолта глетка која одзема здив. Есента е годишно време кое изобилува со најтопли бои, а топлите бои ја топлат и душата.

Есенската романтика – Кога ќе ве гушне љубениот/та, веќе ви станува јасно зошто есента е најроматичното годишно време. Заеднички прошетки и романтични ноќи е она во што можете да уживате во есен. Кога врне, стиснете се под еден чадор. Всушност, есента придонесува за заштита и топлина која ја добивате во прегратките на вашите сакани.

Зошто ја сакаме есента?

Што е она што вам најмногу ви се допаѓа кај ова годишно време?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар