Зошто имаме потреба од спиење?

Зошто имаме потреба од спиење?

Сте чуле ли дека големиот император Наполеон во просек спиел само 4 часа дневно? Научникот Томас Едисон тврдел дека спиењето е само губење време? Дали сте знаеле дека 8 часа сон даваат исто енергија колку еден тост? Тогаш зошто имаме потреба од сон? Мистеријата зад ова прашање е поголема отколку што мислите, затоа што точните одговори не ги знаат ни светските научници.

Зошто имаме потреба од спиење?

Зошто спиеме?

Замислете го вашето тело како автомобил. Не може постојано да работи без престан и без „полнење на резервоарот“. Нашето тело закрепнува во текот на спиењето, се одмора од дневните активности, од планирањата, размислувањата и грижите. Мозочните клетки и менталната енергија се обновуваат во текот на спиењето.

Дали недостатокот на сон ѝ штети на нашата менталната стабилност?

Недостатокот од сон има сериозни последици по нашата ментална стабилност. Само со една ноќ помината без спиење нивото на концентрација значително се намалува, но не само во наредниот ден. Доколку имате нередовен сон, тешко ќе успевате во подигнување на вашето ниво на концентрација кога ви е најпотребно.

Кои делови од мозокот се најзагрозени при недоволно спиење?

Недостатокот на сон најпрво влијае во делот на мозокот кој ги контролира лингвистичките способности, меморијата, чувството за време и место. Ви се има случено поради недостаток на сон да изгубите секакво чувство за простор и време? Верувале или не, несоницата влијае дури и на нашата смисла за хумор. Недоволното спиење не прави нервозни, нерасположени, нетрпеливи.

Зошто имаме потреба од спиење?

Рековме дека мозокот додека спиеме се одмора и се обновува, но тој не е исклучен. Напротив, додека спиеме размислуваме и тоа многу. Експертите тврдат дека мозокот во спиењето ги организира и складира податоците примени во текот на денот, па размислете дали пак ќе заминете на испит без претходно добро да се наспиете. Поради работата на нашиот мозок, додека спиеме настануваат соновите, кои главно се резултат на нашата потсвест.

Сите ние можеме на одредено време да функционираме без спиење, но по долга несоница не би функционирале правилно. Рекордот за најдолго време поминато без спиење е поставен во текот на 60-те години од минатиот век и изнесува цели 11 дена или 264 часа. Поставен е од страна на Ренди Гарднер кој во тоа време имал само 17 години. Сигурно не би сакале да се најдете на негово место после 11-от ден.

Веќе спомнавме дека енергијата која ја добиваме од сонот може да ја добиеме и на друг начин, но ние не спиеме само за да собереме енергија. Кофеинот и калоричните закуски со сигурност би ни дале доволно енергија за да останеме будни, но не би ни го дале одморот кој му е потребен на нашиот мозок.

Спиењето влијае на многу работи. За некои од нив не би ни помислиле дека можат да бидат контролирани од спиењето. Додека спиеме се лачат најмногу хормони за растење. Сте помислиле зошто бебињата спијат многу повеќе од возрасните? Точно е дека постојат многу митови поврзани со спиењето , но потребата за сон и работата на мозокот во текот на спиењето се различни кај секој човек.

Поминуваме речиси 1/3 од животот спиејќи, а никој не знае што точно се случува додека спиеме. Она што со сигурност го знаеме, е дека спиењето е ментална појава која ни е неопходна. Доколку не ви е јасно зошто спиете, пробајте да не го правите тоа макар два дена, па ќе ви стане јасно.

Некои ќе речат дека спиењето е губење на време, напротив, спиењето е храна за мозокот. Можеби губите време кога се излежувате во кревет бидејќи со вас надвладеала мрзата, но не кога спиете, бидејќи од сонот имате реална потреба.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар