Зошто емпатијата се смета за најсекси особина?

Зошто емпатијата се смета за најсекси особина?

Емпатијата се смета за една од најсекси особините што можете да ги поседувате. Сексот, според многумина, е многу повеќе од позите Кама Сутра, а многу е важна и емоционалната поврзаност во врската. Љубовните врски може да бидат преполни со чувства, возбудувања или предизвици. Да се соочите со тие чувства со помош на емпатија помага во покажувањето на грижата за партнерот. Да знаете како да реагирате на чувствата на вашиот партнер е клучна особина на зрелите луѓе. Во повеќето случаи, кога луѓето нешто чувствуваат, потребна им е емпатија, а не стратегија. Кога се негува емпатијата во врската, се негува и меѓусебното разбирање. А тоа е секси. Ние ви носиме 4 начини на кои ќе можете да ја негувате вештината на емпатија.

Young couple sitting together on a couch and smiling

1. Бидете љубопитни и распрашувајте се

За да бидеме повеќе емпатични, треба да се запрашаме како се чувствува другата личност и што ѝ се случува. Не треба веднаш да ја осудуваме и проценуваме. Љубопитноста помага да бидеме отворени кон личноста и на некој начин ја повикуваме да ни каже што ја мачи. Негувајте го вашиот инстинкт на љубопитност. Запрашувајте се повеќе, а помалку осудувајте.

2. Немојте да се обидувате да поправите нешто за некој

Ако вашиот партнер покажува емоционална нерамнотежа, немојте веднаш да се обидете да го поправите тој проблем и да најдете решение. Тоа може да биде и спротивно од емпатијата. Една од најдобрите дефиниции на емпатија звучи: „Да бидете потполно свесни за нечии чувства без да се обидувате да ги промените.“ Тоа е навистина моќно. Кога можете така да се поврзете со партнерот, тоа изгледа доста секси. Понекогаш едноставно не можете да поправите нешто за некого, без разлика колку вие или таа личност го сака тоа, па затоа доволно е да ја понудите вашата присутност и свесност.

3-zoshto-empatijata-e-edna-od-najseksite-osobini-www.kafepauza.mk_

3. Немојте да слушате и само да го планирате вашиот одговор. Слушајте ги потребите и чувствата на другата личност

Една од најголемите грешки која луѓето ја прават во текот на комуникацијата е размислувањето за нешто додека другата личност зборува. Луѓето се фокусираат на својот одговор наместо да ги слушнат зборовите на другата личност. Во обидот да бидеме емпатични кон некого, започнуваме да размислуваме за нашите ситуации во кои сме се чувствувале слично. Понекогаш споделувањето на таквото искуство е од голема помош, особено кога некој се чувствува како да е сам и единствен во некоја ситуација. Но честопати на тој начин го префрламе фокусот од личноста и нејзините чувства кон нас. Емпатијата всушност е повеќе слушање отколку одговарање. Поважно е да бидете со него или неа, отколку она што го мислите за проблемот.

4. Прашајте ја личноста каква поддршка сака

Овде можеби е важна мала стратегија. Откако сте го сослушале проблемот и сте биле тука за таа личност, можете да ја прашате дали сака да направите нешто конкретно за неа и како можете да ѝ помогнете. Ако имате на ум да помогнете, еве неколку предлози: Чаша вода, марамче, самотија или продолжете да слушате. Нека ви каже што ѝ е потребно.

Емпатијата е супермоќ во комуникацијата. Но, таа треба да се учи и вежба. Не сме родени со неа. Затоа ние ви понудивме да ги испробате овие предлози. Можеби во почетокот ќе биде малку неудобно, но подоцна ќе ви бидат од голема помош за да ги подобрите односите со луѓето во вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар