Зошто е во ред да ја сакате самотијата?

Зошто е во ред да ја сакате самотијата?

Доколку уживате во самотијата, сигурно ве гледаат чудно кога седите сами во некој бар, или кога сами пиете кафе. Кога ќе кажете дека ќе одите негде сами или дека ќе правите нешто сами, луѓето ве погледнуваат како да сте сториле нешто лошо. Понекогаш тие ве сожалуваат бидејќи мислат дека е мизерно да се биде сам.

zoshto-e-vo-red-da-ja-sakate-samotijata-kafepauza.mk

Во ред е да ја сакате самотијата и некои работи да ги правите сами

Кога општеството ве гледа дека поминувате време сами, тие по грешка мислат дека сте осамени и депресивни и сметаат дека ви е потребна помош. Тоа е сосем разбирливо. Луѓето низ вековите научиле да бидат заедно, да ги споделуваат нивните животи и ова станало еден вид норма. Кога некој ќе забележи дека сте надвор од овој шаблон, тој или таа веднаш се прашува зошто го правите тоа.

Поминувањето време сами не ве троши, туку ве полни. Да, секому му е потребно време за себе за да анализира што се случува во својот живот и да размисли за донесените одлуки. Овие работи ве носат поблиску до тоа да бидете свесни за себе, а ова е еден од најубавите дарови кои можете да си ги дадете. Никој не го заслужува вашето време повеќе од вас.

Негативна перцепција

Постои негативно мислење за луѓето кои сакаат да бидат сами, па тие често се судени и другите луѓе се прашуваат што се случува во нивниот живот. Ако некој ве види дека сами сте излегле на пијачка, веднаш ќе претпостави дека ви е скршено срцето или дека сте доживеале некој неуспех. Луѓето не разбираат дека сакањето да се биде сам и осаменоста се две различни работи. Кога некој доволно се сака и се цени, друштвото е само избор. Нам не ни е потребно друштво за да го потврдиме нашето постоење. Да, пријателите се интересни и забавни, но исто забавно е и времето поминато сами со себе.

Самотијата ја лечи вашата душа која била повредена од други луѓе

Вашата самотија прави другите да се чувствуваат неудобно додека вам ви е сосем во ред. Па, немојте да се плашите од судење. Запомнете дека луѓето ќе ве судат што и да правите. Одете сами на кафе или во кино. Во ред е и сами да одите во парк, па дури и сами да патувате некаде. Дајте ѝ го на вашата душа она време за себе кое ѝ е навистина потребно.

Погледнете и што се случува кога уживате во вашата самотија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар