Зошто е тешко да ја прекинете долгогодишната љубовна врска од која не сте задоволни?

Зошто е тешко да ја прекинете долгогодишната љубовна врска од која не сте задоволни?

Кога ќе погледнете во календарот и ќе го забележите датумот на уште една годишнина, луѓето ќе помислат дека сте возбудени. Бевте возбудени првата година, втората или третата. Но, по седум години или повеќе? Дали сè уште сте возбудени или во паника?

1-zoshto-e-teshko-da-ja-prekinite-dolgogodishnata-ljubovna-vrska-www.kafepauza.mk_

Секоја личност која е во долга врска може да го разбере ова. Чувството на долгогодишни обврски, но и прекрасните спомени. Со сето тоа доаѓа досада и желбата за нешто ново.

Нема сомнеж дека низ сите тие години сте се промениле. Никој не останува ист. Секој стекнува поголемо искуство и станува позрел. Се менува менталитетот, се менуваат целите, но и соништата. Па така, на тој начин се менува и врската и начинот на кој вие ја гледате. Невозможно е да го/ја сакате вашето/ата момче/девојка исто како пред неколку години. И невозможно е сè да биде исто како некогаш. Тоа е слично како желбата за повторно да бидете дете. Да бидете неодговорни и сигурни. Но, тоа не може да се случи, зарем не?

Поради тоа што сте оптимист и ја цените личноста која е со вас и вашите заеднички спомени, па се обидувате да ја спасите врската на тој начин што ќе бидете подобри, погрижливи, романтични и да бидете поблиски од кога и да било. Понекогаш тоа им успева на некои луѓе. Но понекогаш, ништо не може да го промени она што го чувствувате. Не можете да ги направите работите да функционираат доколку не сакате. Не можете да се натерате повторно да се заљубите во него/неа, бидејќи се чувствувате лошо и се плашите дека ќе изгубите сè. На тој начин, само живеете во лага и пополека го уништувате секој дел од вас. Вашиот разум смета дека постои некаков проблем кој треба да се реши, а вашето срце одбива да го следи разумот. Пополека станувате депресивни и анксиозни.

3-zoshto-e-teshko-da-ja-prekinite-dolgogodishnata-ljubovna-vrska-www.kafepauza.mk_

И затоа, немојте повеќе да се мачите самите себеси, бидејќи не вреди.

Знаеме дека најголемиот страв не е само губењето на спомените и времето кое сте го поминале заедно, туку и губење на најдобриот пријател. Стравот дека нема да го/ја гледате и слушате секој ден. Стравот дека нема да можете да зборувате со него. Стравот дека никој нема да ве држи за рака и да направи да се чувствувате сигурно.

Но, не мора да биде така. Ако сте долго време заедно, можеби ќе останете пријатели. Сè уште ќе можете да разговарате и да се прегрнете, да создадете нови спомени. Можете да поработите на тоа. На тоа би требало да работите.

Не знаеме зошто се случува тоа. Зошто од некоја причина започнуваме да чувствуваме дека ни е потребно нешто ново, макар и со години да сме биле предани на врската. Но, таков е животот.

Она што го учиме додека старееме е дека сè се менува. Ништо не останува исто. И затоа немојте да се обвинувате за она што го чувствувате. Тоа е природно. Сетете се дека да ја прекините долгогодишната врска не е исто како да се откажете. Тоа е повеќе како да продолжите понатаму.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар