Зошто е многу важно да изедете макар едно јаболко денес?

Има една англиска изрека која вели дека едно јаболко на ден го спречува одењето на лекар. Тука има голема вистина. Јаболкото е богато со природи влакна, витамини и минерали и задолжително треба да биде дел од секојдневниот режим на исхрана. Јаболката ги има по пристапни цени, есента изобилува со ова овошје, а лесно може да го вметнете во многу вкусни десерти. Црвено, зелено или жолто, свежо или во пита и слични десерти, еве зошто задолжително треба да јадете по едно јаболко на ден.

Зошто е многу важно да изедете макар едно јаболко денес?

1. Јаболкото содржи моќни антиоксиданси

Иако генерално овошјето и зеленчукот содржат многу антиоксиданси, јаболкото е богато со многу важен антиоксиданс, кварцетин, кој го подобрува вашиот имунитет спречувајќи разни болести. Затоа изедете едно јаболко наутро или навечер пред легнување, нека биде редовна состојка во вашето утринско смуди, јадете го наместо грицки или земете го како ужина на работа.

2. Јаболката се добри за очите

Истражувањата покажуваат дека само едно јаболко на ден може да спречи појава на катаракта (поматување на леќата на окото), во подоцнежниот период од животот. Затоа, направете јадењето јаболко да ви стане навика.

3. Јаболката се богати со природни влакна

Јаболката се најверни пријатели на вашиот дигестивен систем. Исто, помагаат во намалување на холестеролот во крвта, спречување на дијареја и регулирање на столицата. Секако, тука мора да се напомене дека јаболкото ве држи сити, така што едно јаболко е одлично за меѓу оброци.

4. Јаболката помагаат при детоксикација на црниот дроб

Ако црниот дроб е здрав, лесно ќе го отфрла токсините од вашето тело. Јаболкото се препорачува како дел од вашата диета и поради тоа што е добро за црниот дроб. Причина плус да изедете јаболко денес.

5. Јаболкото е добро за срцето

Како што веќе спомнавме, јаболкото со своите природни влакна помага при редуцирање на холестеролот во крвта, со што го чува вашето срце здраво. Исто така, јаболкото помага да се избегне зачепување на артериите со што спречува срцев удар.

6. Јаболката помагаат за поголема издржливост

Јаболкото прави кислородот да биде подостапен во белите дробови со што ја зголемува вашата кондиција. Затоа корисно е да изедете јаболко пред физичка активност и вежбање.

7. Јаболкото ќе ви помогне да ја намалите вашата тежина

Кога сте гладни наместо да посегнете по чипсот или колачите, изедете едно јаболко. Ќе ве држи сити до следниот оброк што е одлично за регулирање на вашата тежина.


За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар