Зошто е добро одвреме-навреме да постите, без разлика на вашите верувања?

Зошто е добро одвреме-навреме да постите, без разлика на вашите верувања?

Без оглед на вашите верски верувања, повремениот пост може да биде навистина добар за вас, како за вашето физичко здравје, така и за психолошкото. Имено, постот ви овозможува подлабоко да се поврзете со самите себе, односно да го исчистите телото од сите насобрани токсини (вклучувајќи ги и оние во мислите). Па, ако ве заинтересиравме, во продолжение прочитајте ги најдобрите 7 причини зошто уште денес треба да почнете да постите.

zoshto-e-dobro-odvreme-navreme-da-postite-bez-razlika-na-vashite-veruvanja-www.kafepauza.mk

1. Помага при губењето килограми

Имате проблеми со одржување на тежината? Голем број истражувања покажале дека постот е поздрав и поефикасен во борбата со килограмите во споредба со некои од најпознатите диети.

2. Го забрзува метаболизмот

Кога постиме, нашиот дигестивен систем се одмара, а тоа може да го поттикне метаболизмот и да влијае позитивно на согорувањето калории. Повремениот пост позитивно влијае и на цревата.

3. Го продолжува животот

Верувале или не, со помалку храна вие подолго ќе живеете. Истражувањата покажале дека животниот век на луѓето е продолжен токму поради начинот на исхрана. Еден од примарните несакани последици од стареењето е бавниот метаболизам, па што подолго ја одржувате младоликоста преку исхраната, толку подолго ќе живеете.

4. Ги подобрува навиките за исхрана

Постот може да биде многу ефикасен метод за сите оние што имаат проблеми со организирање на навиките за здрава исхрана или патат од нарушување на исхраната.

5. Позитивно влијае на работата на мозокот

Истражувањата покажуваат дека постот ги подобрува функциите на мозокот бидејќи го поттикнува производството на одредени протеини што ги активираат матичните клетки во мозокот, кои потоа се претвораат во нови неврони. Тие неврони исто така штитат од различни болести како Алцхајмеровата и Паркинсовата.

6. Помага со кожните проблеми

Постот може да помогне и при прочистување на кожата. Со оглед на тоа што го чисти целото тело од токсини и ја поттикнува правилната работа на органите, кожата е таа што прва ќе почувствува промена.

7. Го подобрува имунитетот

Повремениот пост го подобрува имунитетот бидејќи го намалува делувањето на слободните радикали, ги регулира воспалителните процеси во телото и спречува формирање на рак.

Прочитајте подетално и што му прави 3-дневниот пост на човечкото тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар