Зошто други луѓе ни будат пеперутки во стомакот дури и кога сме во среќна љубовна врска?

Зошто други луѓе ни будат пеперутки во стомакот дури и кога сме во среќна љубовна врска?

Тешко дека нешто може да го надмине она што ќе го почувствувате кога сте во друштво на личноста која ве привлекува. Тие пеперутки во стомакот се јавуваат кога ќе се сретнат вашите погледи, кога тој/таа спонтано ќе ве допре, ќе се насмевне…

1-zoshto-drugi-ni-budat-peperutki-vo-stomakot-duri-i-koga-sme-vo-srekjna-ljubovna-vrska-www.kafepauza.mk_

Тоа чувство е секогаш пријатно, освен можеби кога ќе го предизвика личност која не е вашиот партнер. Тоа, ќе се сложите, може да доведе до непријатни чувства и тешки прашања – ако сте во среќна врска со вашиот партнер, зошто тогаш чувствувате пеперутки кога ќе го погледнете слаткиот колега на работа?

Не грижете се, тоа е сосема нормално. Поточно, истражувањето во кое учествувале повеќе од 1.300 луѓе, покажало дека 62% проценти од луѓето кои се во среќна врска најмалку еднаш годишно чувствуваат пеперутки во стомакот дури и на самата идеја да флертуваат со некого. Со други зборови, тоа не е ниту ретко, ниту толку страшно колку што мислите. Освен тоа, околу 19% од луѓето велат дека тоа чувство го доживуваат секоја недела.

Во прилог на фактот дека пеперутките во стомакот кои ги чувствуваме кога флертуваме со некого не се никакво чудо, кажува и тоа дека имаат и научно објаснување. Научно гледано, тоа што физички чувствувате дека вашето срце потскокнува од возбуда е всушност само одговор на вашиот организам на акутен стрес. Освен тоа, овој еволуциски одговор на човечкото тело се развил како одговор на опасните ситуации во кои луѓето порано често се наоѓале. Тогаш се забрзува работата на срцето и дишењето, а и потењето малку се зголемува. Ако се прашувате зошто пеперутките се чувствуваат токму во стомакот, експертите објаснуваат дека тој дел од телото е најчувствителен во ситуациите кога сме под акутен стрес.

2-zoshto-drugi-ni-budat-peperutki-vo-stomakot-duri-i-koga-sme-vo-srekjna-ljubovna-vrska-www.kafepauza.mk_

Секако, привлечноста која ја чувствувате кон некого не е никаква животна опасност, така што вашето тело всушност само пренагласено реагира, а за тоа е крива еволуцијата. Искрено, мораме да признаеме дека понекогаш заљубувањето може да биде стресно, но тоа е веќе друга тема на разговор.

Во секој случај, пеперутките во стомакот се прекрасни и не би требало да ве вознемируваат дури и кога ќе се јават како реакција на некој што не е ваш партнер. Бидејќи науката објаснила дека тоа не значи дека вашата врска е во криза или нешто слично, туку флертувањето со некого е возбудливо затоа што прави да се чувствуваме добро. Не можеме да негираме дека сакаме сѐ заради што се чувствуваме добро, а позитивното внимание кое го добиваме од некого дефинитивно допринесува за тоа чувство. Исто така, терапевтот д-р Фуџан Зајн објаснува дека тоа почетно чувство на заљубеност и возбуда често се губи во долгите врски, па флертувањето и пеперутките се токму она што ви треба за повторно да се почувствувате живи и да се сетите кои сте.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар