Зошто девојките со добро срце заглавуваат во токсични врски?

Зошто девојките со добро срце заглавуваат во токсични врски?

Се чини дека само најдобрите луѓе завршуваат во врски со луѓе кои воопшто не ги заслужуваат. Сигурно познавате таква личност или можеби токму вам ви се случува истото. Зошто одбирате погрешни луѓе? Зошто постојано ја правите истата грешка? Вашите врските секогаш започнуваат, се одвиваат и завршуваат на истиот начин. На крајот вие сте скршени и се обвинувате себеси поради она што се случило. Можеби навистина вие сте виновни. Можеби треба да бидете повнимателни и да размислувате со главата наместо со срцето. Но, тоа не е воопшто лесно за луѓето со добро срце.

Зошто девојките со добро срце заглавуваат во токсични врски?

Па, зошто најдобрите луѓе заглавуваат во најлошите врски? Следниве причини можеби ќе ви го дадат одговорот…

1. Го гледаат доброто во сите

Луѓето со добро срце не се слепи за туѓите недостатоци. Тие можат да ги забележат негативните страни, но намерно одбираат да ги согледаат само најдобрите квалитети. Иако станува збор за позитивна карактерна особина, ова е и нивната најголема мана, бидејќи постојано ги игнорираат очигледните знаци на предупредување.

2. Даваат премногу шанси

Сѐ што треба да направите ако згрешите е да кажете извини. Толку им треба. Тие ќе продолжат понатаму и ќе ви дадат втора шанса. Ова прераснува во проблем кога токсичните луѓе сфаќаат дека можат да кажат и направат што сакаат и личноста со добро срце секогаш ќе ги пречека со отворени раце. Постојат поединци кои не заслужуваат ни втора шанса, но добрите девојки им даваат десет и на крајот завршуваат повредени.

3. Никогаш не се однесуваат лошо со никого

Знаат како е кога некој се однесува лошо со нив и затоа никогаш не би повредиле некого намерно. Никогаш не се одмаздуваат. Тие не веруваат во тоа дека треба да ги повредат луѓето кои ги повредиле нив. Тие навистина веруваат во моќта на добрината.

4. Многу лесно простуваат и забораваат

Тие имаат голема способност да ги заборават дури и најлошите моменти. Нивните пријатели треба да ги потсетат што преживеале за да се сетат на болката. Без оглед на тоа колку пати им било скршено срцето, тие лесно забораваат на болката. Не се плашат да им го отворат срцето на луѓе кои не ја заслужуваат нивната љубов. Нивната способност за љубење не познава граници и никогаш не се троши. Бестрашното љубење им доаѓа природно. Проблемот е во тоа што љубовта која треба да си ја дадат себе им ја даваат на другите луѓе.

Зошто девојките со добро срце заглавуваат во токсични врски?

5. Даваат повеќе одошто добиваат

Тие не очекуваат ништо од никого и постојано даваат сѐ од себе за луѓето кои им значат. Проблемот настанува тогаш кога токсичните луѓе почнуваат да ги искористуваат. Тие наместо да ја ценат нивната добрина, почнуваат да ја очекуваат по секоја цена и се лутат кога нема да ја добијат. Девојките со добро срце имаат потреба да ги освојуваат луѓето со нивните хумани гестови дури и тогаш кога не им возвратена добрината.

6. Никогаш не ги осудуваат туѓите грешки

Тие се подготвени да ги прифатат луѓето такви какви што се. Тие се подготвени да ги разберат дури и најлошите работи што некогаш сте ги направиле. Добрите луѓе никогаш не осудуваат, бидејќи знаат дека и тие имаат направено грешки на кои не се гордеат. Проблемот е во тоа што токсичните луѓе не учат од нивните грешки, а девојките со добро срце страдаат поради тоа.

7. Ги привлекуваат луѓе со емоционален багаж

Девојките со добро срце секогаш започнуваат врски со луѓе кои имале тешко минато. Но, не ги осудуваат поради тоа, туку ги прифаќаат. Врската станува токсична кога нивните партнери почнуваат премногу да зависат од нив. Тие наместо да ги канализираат емоциите на здрав начин, им се истураат на луѓето кои се до нив. Знаат дека девојката со добро срце може да се справи со нив дури и тогаш кога се во најлошо издание и не се двоумат да го искористат тоа.

8. Никогаш не ги повредуваат луѓето со зборови

Луѓето со добро срце знаат колкава е моќта на зборовите. Ним им се случило повеќепати да се распаднат поради туѓите сурови зборови. Не забораваат дека плачеле по цели ноќи поради пораките што ги добиле. Добрите девојки навистина не ја разбираат злобата, бидејќи немаат ни ронка зло во нивното срце. Токсичните луѓе, од друга страна пак, располагаат со остри зборови и недостаток на грижа на совест. Тие многу добро знаат што треба да кажат за да ги повредат луѓето со прекрасно срце.

Зошто девојките со добро срце заглавуваат во токсични врски?

9. Никогаш не се караат

Добрите луѓе одбегнуваат караници. Тие се извинуваат дури и тогаш кога не се виновни. Никогаш не го повишуваат тонот и не се залагаат многу за својот став. Токсичните личности го забележуваат тоа и ја користат приликата да започнат врска со човек кого можат да го контролираат. Девојките со добро срце ги прифаќаат и им угодуваат без збор.

10. Сакаат да ги спасат луѓето

Оштетените и скршени поединци не ги сметаат за луѓе со недостатоци, туку за предизвик. Сакаат да ги поправат и да им помогнат. Но, во обидот да ги поправат токсичните луѓе и да ја задржат нивната целина, губат делови од себе.

11. Не сакаат да се откажат од луѓето

Токсичните врски се вртат во бесконечни кругови, затоа што луѓето со добро срце одбиваат да се откажат од некого во кого веруваат. Тие остануваат со нивните токсични партнери со месеци или години надевајќи се дека ќе се променат. Но, нивното време е залудно потрошено, бидејќи ништо не се менува, а тие завршуваат повредени.

12. Мислат дека можат да ги променат луѓето

Девојките со добро срце мислат дека можат да ги променат луѓето, но тоа никогаш не се случува додека врската трае. Токсичните врски ги уништуваат сите кои учествуваат во нив. Дури откако врската ќе заврши, токсичните поединци почнуваат да стануваат свесни за личноста која ја имале до себе и за начинот на кој ја искористувале. Тие сфаќаат колку лошо се однесувале со девојката која најмалку го заслужувала тоа од нив. Дури тогаш тие можат да свртат нов лист и да се променат.

Луѓето со добро срце ги менуваат токсичните луѓе, но токсичните луѓе ги уништуваат добрите. Тие успеваат да ја прекинат токсичната врска, но тоа им паѓа многу тешко, бидејќи се чувствуваат како да разочарале некого. Со текот на времето, сфаќаат дека тоа што го направиле е за нивно добро и полека заздравуваат. Но, нивното добро срце се менува.

Почнуваат помалку да им веруваат на другите. Градат високи непробојни ѕидови околу себе што никој не може да ги сруши. Се сомневаат во сите, само поради една единствена личност. Луѓето со добро срце се жртвуваат себеси за да спасат некого, но тоа доведува до нивно самоуништување.

Прочитајте ги и следниве 12 вистини за „добрите девојки“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар