Зошто девојките се плашат да бидат со добри момци?

Денес е многу тешко да се види колку од момчињата се добри, а колку не. Постојат многу кои би направиле сѐ, со цел да го добијат она што го сакаат. Можеби тоа од почетокот нема да биде видливо, но, вистината ќе се покаже во блиска иднина. Тоа не значи дека девојките се наивни и го прифаќаат сечие внимание, туку едноставно момците добро глумат. Во продолжение погледнете неколку причини зошто девојките се плашат да се состануваат со момчиња кои кон нив се однесуваат добро.

Зошто девојките се плашат да бидат со момчиња кои кон нив се однесуваат добро?

1. Не им веруваат

На девојките може да им биде навистина тешко да веруваат дека постојат вистински добри мажи во овој свет. Повеќето имаат лоши искуства од минатото кои оставиле траен белег врз нив. Момците кои имаат намера да се однесуваат добро, им изгледаат како да се премногу добри за да бидат вистински. Повеќето девојки се навикнати на момци кои прават сѐ само за да ги придобијат, па врз основа на тоа претпоставуваат дека тоа ќе го направат и другите. Речиси секоја девојка имала искуство со момче со кое мислела дека ќе успее, но на крај работите излегле поинаку и тие се чувствувале само измамени.

2. Не знаат како да се однесуваат кога кон нив ќе се однесуваат добро

Многу од девојките се навикнати да бидат третирани лошо и тоа е она што мислат дека ги очекува со секој. Тие се навикнати дека добрите работи завршуваат одеднаш и не знаат што да прават и како да се соочат кога ситуацијата ќе биде поинаква.

3. Не сакаат да ги уништат работите

Бидејќи се навикнати работите да излегуваат лошо, тие не знаат како да се однесуваат кога се соочуваат со добри момци. Затоа постојано го бараат „неубавото“ во врската, доколку тоа им изгледа премногу совршено. Обично тие ги разбираат вистинските работи кога е премногу доцна и ги уништуваат односите со нивното прекумерно размислување. Иако може да делува смешно, сепак, тие не знаат како да се соочат со добрите момци кои ги имаат покрај себе.

Зошто девојките се плашат да бидат со момчиња кои кон нив се однесуваат добро?

4. Не се подготвени

Понекогаш девојките не се подготвени за добриот однос кој ќе го имаат со одредено момче. Тие знаат дека врската со него е нешто што ќе трае и затоа не сакаат да ги уништат работите. Но, секоја девојка треба да има барем една „погрешна“ љубовна врска, која ќе ѝ овозможи да сфати што сака, а што не сака од партнерот. Се разбира, на почетокот може да смета дека имаат премногу заеднички карактеристики, но времето ќе го даде вистинскиот одговор. Исто така постојат и моменти кога добрите момчиња чувствуваат дека заслужуваат нешто од девојките, само затоа што се добри. Ова е еднакво непривлечно како и момчето кое се однесува лошо.

5. Не знаат кому да веруваат

Љубовните врски никогаш не се лесни. Дури и најдобрата врска има одредени потешкотии. Не постоела и никогаш нема да постои совршена љубовна врска, но тоа не значи дека не постои таква која е добра за вас. Многу девојки веќе ја изгубиле довербата во момчињата врз основа на нивните претходни искуства, па затоа им е тешко повторно да веруваат некому.

Во денешно време е навистина тешко да се сфати кој е вреден за да му го посветите своето внимание, а кој не. Но, никогаш не можете да бидете сигурни кој би ви наштетил и токму тоа е најзастрашувачкиот дел во љубовта. Иако девојките сакаат да бидат со добри момчиња, ним им е потешко да сфатат кој е тој навистина.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар