Зошто девојките бараат од момците да почекаат за првиот секс?

Момците многу често се прашуваат зошто девојките со кои почнуваат да се забавуваат, чекаат да помине некое одредено време до првиот секс. Секоја девојка има свои одговори и свој став во врска со ова прашање. Станува збор за исклучително интимна тема, затоа што секој човек различно го доживува сексот. Но, постојат некои објаснувања и одговори, кои можат да им разјаснат на мажите зошто понекогаш навистина вреди да се почека.

(1) Зошто девојките ги оставаат момчињата да почекаат до првиот секс?

1. Девојките го чекаат вистинскиот момент и бараат почит

Без оглед дали девојката ќе има секс со момчето на вториот или на седмиот состанок, таа го цени и го почитува своето тело и истото го очекува од својот партнер. Во многу ситуации, можноста за секс на првиот состанок е многу мала. Повеќето девојки сметаат дека доколку сакаат врската да прерасне во нешто сериозно, не треба веднаш да спијат со момчето, па затоа и тие треба да сфатат дека девојките го одложуваат првиот интимен однос поради стравот дека нивниот партнер ќе ја изгуби почитта кон нив, доколку веднаш „скокнат в кревет“ со нив.

2. Девојките посакуваат секс кога има искрена поврзаност

Повеќето жени, инстинктивно, копнеат за длабока врска и поради тоа сакаат да бидат сигурни дека „пулсираат“ заедно со партнерот, пред да заминат в кревет. Доколку девојките не се сигурни што точно чувствуваат за момчињата, тогаш нема да се чувствуваат ни 100 процентно слободни в кревет, што секако не е добро за обајцата партнери. Поради тоа, многу девојки објаснуваат дека наместо набрзина да влетаат во сексуални односи, сакаат да почувствуваат дека има нешто повеќе од физичка привлечност или страст. На тој начин, избегнуваат потенцијална интимност, којашто на крајот може да испадне катастрофална.

3. Девојките сакаат прво да ги откријат намерите на партнерот и своите чувства

(2) Зошто девојките ги оставаат момчињата да почекаат до првиот секс?

Само затоа што некоја девојка излегла со своето момче на убава романтична вечера, надополнета со вино и вкусна храна, не значи дека таа му верува дека тој има искрени чувства кон неа. Девојката не може да биде сигурна дека романтичната вечера нема една единствена цел – а тоа е да заврши со секс. Дали девојката ќе „спие“ со партнерот на првиот или на десеттиот состанок, зависи од нејзините чувства и сигурноста која ја стекнала во него.

4. Девојките сакаат да играат игра за да внесат возбуда во врската

(3) Зошто девојките ги оставаат момчињата да почекаат до првиот секс?

На крајот од денот, исто како и момчињата, и девојките имаат потреби и уживаат во сексот, па затоа не треба да им се замерува доколку сакаат малку да си поиграат со нив. Девојките, со тоа што ги оставаат момчињата да почекаат за првиот сексуален однос, всушност внесуваат возбуда во односот. Така постои предизвик по кој момчињата копнеат и даваат сè од себе да ја освојат својата девојка.

5. Бројот на партнери создава притисок и предрасуди

За жал, општеството во коешто живееме, многу често создава притисок и предрасуди врз жените, особено кога станува збор за бројот на партнери со кои тие имале и имаат сексуални односи. Поради тоа, голем број припаднички на понежниот пол не сакаат да се впуштат во интимни врски доколку не се сигурни на каде се движи односот со одредено момче. Секако, девојките сакаат да бидат интимни со своите момчиња затоа што тие им се привлечни и чувствуваат одредена „хемија“ во односот. Но, повеќето од нив си даваат малку повеќе време, додека не се уверат дека нема да ги етикетираат или третираат како некои други момчиња во минатото.

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар