Зошто цигарите се главен непријател на вашата убавина?

Зошто цигарите се главен непријател на вашата убавина?

Кога некој ќе престане да пуши цигари, кожата почнува да добива повеќе кислород, што ѝ овозможува да ја задржи влажноста и постепено да ја менува својата структура. Потоа ѝ се враќаат бојата и свежината, а брчките стануваат поплитки. Цигарите се многу штетни за вашата убавина и здравје, а ова се дел од последиците.

Зошто цигарите се главен непријател на вашата убавина?

Ќе изгледате постаро

Како што претераното сончање и тешкиот живот придонесуваат да изгледате постаро, така и никотинот додава плус години на вашиот изглед. Со само еден повлечен дим, во ткивото на белите дробови се ослободуваат повеќе милиони молекули на слободни радикали. Слузокожата во дишните патишта изгледа како да е воспалена. Присуството на голем број молекули на слободни радикали и недостатокот на кислород во крвта, придонесуваат кожата да ја губи еластичноста и влажноста. Промената на бојата и квалитетот на кожата е резултат на отровите и иритансите од димот на цигарите.

Го смалува слојот на колаген во кожата

Во цигарите се наоѓаат повеќе од 4.000 различни токсини и иританси. Многу голем број од нив преоѓаат во крвта, а преку неа во кожата. Овие супстанци можат да придонесат малите крвни садови да се стеснат. По само една испушена цигара, малите крвни садови можат да се стеснат за наредните 90 минути. Тоа доведува до намалување на протокот на кислород до кожата, а со тоа и смалување на количеството на колаген. Ќелиите на кожата стануваат чувствителни и ја губат влажноста. Исто така, кожата ја губи способноста за регенерација.

Кожата станува потенка

Кожата на лицето на пушачите обично е потенка поради лошата циркулација, а со тоа и нејзината послаба исхранетост. Ова е докажано во едно истражување во кое учествувале 25 пара близнаци, од кои едниот бил долгогодишен пушач, а другиот никогаш немал пробано цигара. Користејќи ултразвучни методи била проценувана дебелината на кожата на внатрешната страна на раката. Кожата на пушачите била за една четвртина потенка во однос на кожата на непушачите. Кај некои парови разликата била и 40%.

Влијаат на фигурата на телото

Пушењето предизвикува нерамнотежа на количеството на хормони во телото и на тој начин може да влијае на промена на фигурата на телото. Некои луѓе кога ќе почнат да пушат цигари можат да ослабат или да ја одржат својата моментална тежина, но никој од нив не знае дека димот од цигарите го забрзува метаболизмот и има силно влијание на ендокриниот систем на жлезди кои ги лачат хормоните. Губењето на телесната маса е негативен ефект и може да доведе до трајна хормонална нерамнотежа.

Карактеристики на лицето на пушачот на цигари:

  • Еластичноста на кожата се смалува и како последица се јавуваат брчки на лицето, многу порано отколку кај непушачите. Тоа најчесто се случува на горната и долната усна, околу очите, на образите и околу долната вилица.
  • Сива нијанса на кожата
  • Коските на лицето се поизразени

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар