Знаете ли да учествувате во отворени дискусии? Со став, но и со спремност да го промените

Автор: Калин Бабушку

Пред некој ден, на една од охридските плажи, имав една убава дискусија со пријателка која го имаше прочитано советот за срамот. Дискусијата беше многу отворена (едно мало појаснување: кога зборувам за отворена дискусија, мислам на искрена и без некоја позадина, без некоја зла намера или идеја дека треба некого да уверам во тоа дека мојот став е правилен, но и да бидам отворен и подготвен на промена на мојот став) и искренa, можеби поради тоа што долго време се познаваме, но мене ме поттикна да истражувам малку повеќе околу тоа – дали водиме отворени или затворени дискусии.

znaete-li-da-uchestvuvate-vo-otvoreni-diskusii-so-stav-no-i-so-podgotvenost-za-promena-na-stavot-kafepauza.mk

За жал, испадна дека во поголемиот број случаи, дискусиите не се многу отворени и се со однапред предвиден крај од тој/таа што ја започнале дискусијата. Тоа е така затоа што на соговорниците со кои имаме дискусија не им даваме многу време за подготовка, а и гледаме да си го истераме своето, но и поради тоа што не сме многу отворени за различни ставови од нашите. Ова последното е многу поврзано со нашиот став, генерално кој се сведува на: или ќе биде како што јас ќе кажам или нема да биде никако!

Поттикнат од резултатите од тоа микроистражување, решив да споделам со вас совети како да имате отворена и искрена дискусија со вашите колеги, пријатели, роднини и итн.

1. Одредете ја темата – Во зависност од тоа што сакате да се дискутира, ќе треба да ја дефинирате темата. Темата ќе помогне многу на сите барем малку да се подготват.

2. Подготовка – Подгответе се за темата за која сакате да дискутирате, но споделете и со оние со кои сакате да дискутирате за темата, за да може и тие да се подготват.

3. Одберете почеток – Ако веќе вие ја наметнувате дискусијата, тогаш бидете подготвени за почеток. Одберете прашања или аргументи што сакате да ги споделите со сите, и убаво образложете ги.

4. Одржувајте ја живоста на дискусијата – Имајте секогаш „џокер“ во ракав и бидете подготвени да се „извадите“ со него кога ќе замре дискусијата. Одржувајте го тонусот на дискусијата цело време.

5. Имајте аргументи – Со тоа што убаво ќе се подготвите. Немојте да бидете површни.

6. Учете – Има многу работи кои можеби не ги знаете и бидете подготвени за учење. Не сте секогаш во право! Ако сакате може да ја водите дискусијата од познато во непознато, па пак во познато.

7. Пријателски однос – Во зависност од дискусијата и дискутантите, имајте секогаш пријателски и отворен однос. Нормално, сето ова зависно од позицијата и од околината.

8. Сумирајте – Сумирајте си сами на себе си или групно. Дополнително на ова, ако сте научиле нешто ново, гледајте да го запишете тоа или некако да го меморирате.

Што и да правите, бидете од сега натаму отворени во дискусиите. Немојте завиено да зборувате. Никој не ви мисли лошо, а тие што ви мислат лошо, колку и да се пазите од нив, ви мислат лошо. Немојте поради таквите вие да се менувате.

Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар