Знаете како правилно да направите лимонова вода? Погледнете го овој трик

Знаете како правилно да направите лимонова вода? Погледнете го овој трик

Топлата вода со лимон успеа да го најде своето место во листата на здрави навики. Со неа вие можете секојдневно да го чистите вашето тело од токсините кои постојано се насобираат. Топлата вода е популарна здрава навика и за оние кои одлучуваат да го подобрат својот дигестивен систем, како и да работат со „полна пареа“.

Знаете како правилно да направите лимонова вода? Погледнете го овој трик

Нутриционистката Кери Глазман вели дека само една чаша топла лимонова вода пред појадок не само што ќе ви помогне да останете хидрирани, туку истовремено ќе ви го подобри варењето на храната и ќе ви го регулира силниот апетит. Ништо чудно што и нејзиниот ден започнува со лимонова вода.

Здравствените придобивки кои доаѓаат од лимоновата вода може да ги потврди и нутриционистката Дејна Џејмс, која вели дека таа детоксифицира така што горчливото од лимонот го активира протокот во жолчката и со тоа помага да се отстранат сите токсини во форма на маснотии.

Но, постои еден чекор кој се заборава при правењето лимонова вода која ќе ви ги овозможи максималните здравствени придобивки. Станува збор за кората од лимонот. Таа го содржи флавоноидот лимонин, од каде што доаѓаат состојките за детоксикација. Па, следен пат кога ќе си подготвите топла лимонова вода, погрижете се да додадете барем половина лажица од кората на лимонот додека цедите неколку лимонови парчиња во тинктурата. На овој начин вие ќе имате можност да ги искусите сите здравствени придобивки од лимонот…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар